„Мојата Молдавија“
Повеќе од една година Лукас Филцен живееше во Република Молдавија. Во текот на неговиот доброволен ангажман тој ја пропатува земјата и истовремено ја засака. Појдете на патување со Лукас.
Нова етапа во животот
Мојот прв ден во еден од најубавите паркови на Кишинев. Тука бегав од стресот во секојдневието. Таму одзади се наоѓаат комунистичките градби од советско време, кои сѐ уште му даваат белег на градот.
Зима во Кишинев
Зимата дојде брзо. Понекогаш врнеше толку многу снег, што автобусите веќе не можеа да возат, оти службите за расчистување во Кишинев не се многу ефикасни. За мене сепак беше убаво, зашто на северот на Германија не гледам толку често толку многу снег.
Излет во Транснистрија
Овој регион сака да се отцепи од Република Молдавија. На силно надгледуваната граница тоа многу брзо се забележува. Кога ќе дојдете во Транснистрија се чувствувате како да сте во Русија - се слуша само руски јазик, насекаде има тенкови и споменици кои изгледаат како да се советски. И сето тоа на само околу 80 километри од Кишинев.
Конечно повторно на отворено
На лето честопати одевме со младите во центарот на градот. Моја задача беше да му помогнам на возачот при товарењето на количките. За време на возењето со автомобилот секогаш добро се забавуваме.
Посета на црква
Во средите секогаш одевме в црква. Честопати седевме во круг и зборувавме со свештеникот. Младите од него можеа да добијат совет за одредени ситуации. Тоа им даваше сила. Таму секогаш имаше нешто за пиење и неколку слатки.
Стефан Велики
Тој е еден од најважните национални јунаци. Споменикот е главно собиралиште за млади и стари во Кишинев. Директно зад него е паркот, каде многумина ја минуваат пладневната пауза или едноставно ќе свртат еден круг. Животот во Република Молдавија е многу опуштен и мирен. Тука се ужива слободното време, се среќаваш со пријателите, семејството или колегите.
Пазарот во Кишинев
Секогаш за викендите заедно со моите цимери одевме на пазар да купиме свеж зеленчук, сирење и месо. Тука може да купите сѐ: јадење, средства за чистење или електроника. Задоволство е едноставно да шеташ низ пазарот, оти секогаш можеш да најдеш нешто ново и да водиш интересен разговор со продавачите.
Молдавско гостопримство
Кога бев со моите пријатели во малото гратче Сорока, две постари дами спонтано не поканија на чај. Тие беа изненадени што во својот град среќаваат туристи од Германија, Англија и Полска. Ни понудија домашен леб, путер и мед и пријатно си поседовме со нив. Во оваа година дознав многу за луѓето и нивната култура и можам само да кажам дека времето поминато таму беше едно од моите најдобри искуства.