1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Младите - главна цел на интернет-пропагандата на неонацистите

18 август 2009

За десните екстремисти видеата и музиката се главни инструменти за пропаганда. Можностите што ги нуди интернет за ширење на нивните пораки на омраза се неограничени. Цел на десно-екстремистичката агитација се младите.

https://p.dw.com/p/JDWS
Марш на десните екстремисти во ГерманијаФотографија: picture-alliance/dpa

Десно-екстремистичка пропаганда има насекаде во интернет, на пример во форма на видеа на сајтовите како „Јутјуб“, „Мајспејс“ или „Фејсбук“ или пак како музика која може да се даунлодира без никаков проблем. На десно-есктремистичките видеа кои денес се поставуваат на големите видео-портали на интернет не можат да се видат ни „ кукасти крстови“ ниту „поздрави за Хитлер“.

Stefan Glaser von jugendschutz.net
Штефан Гласер од „југендшуц.де“Фотографија: picture-alliance/ dpa

Десниот екстремизам повеќе не може да се познае на прв поглед

На професионално направените видеа, кај кои музиката игра важна улога, можат да се видат млади луѓе кои на ѕидови пишуваат пораки со спреј, кои фрлаат летоци од висококатници или организираат спонтани демонстрации преку СМС- пораки. Десниот екстремизам како доживување. Штефан Гласер од организацијата „југендшуц.де“ ги споредува поранешните со сегашните настапи на неонацистите на интернет.

„Неонацистите тогаш се презентираа себеси како неонацисти. Сега тие се презентираат како модерни и кул. Тие користат симболи и форми на акција од другите младински сцени, честопати од левичарската сцена. Десниот екстремизам повеќе не може да се познае на прв поглед“.

Но не расте само бројот на социјалните интернет мрежи како „Твитер“ или пак на видео-платворфмите како „Јутјуб“ Истотака и бројот на десно-есктремистички веб-сајтови постојано се зголемува. Во 2007 година „југендшуц.де“ како десно-есктремистички идентификуваше околу 1700 веб-сајтови додека во 2009 година ги има околу 1800.

Rechtsextremismus im Internet
Интернет сајт на десно-екстремистичката Надионална демократска партија во ГерманијаФотографија: picture-alliance/ ZB

„Југендшуц. де“ во лов на нео-нацистички сајтови

Кога оваа организација која претставува централен пункт на германските покраини за заштита на младите на интернет ќе дознае за појавување на десно-екстремистички пораки, видеа или веб-сајтови, таа веднаш ја пренесува информацијата до соодветните служби во Германија или директно ја информира полицијата. Во многу случаи таа воспоставува директен контакт со интернет провајдерите за тие да ги отстранат десно-екстремистичките содржини од нивните интернет платформи.

„ Во Германија сето тоа функционира многу добро, зашто тука има јасни законски норми. Провајдерот мора веднаш, штом има сознание за недозволени содржини, да ги отстрани од интернет. Тоа функционира добро и во странство. Таму меѓутоа постапуваме поинаку. Тогаш ние не кажуваме да се забрани ова или она, туку велиме: Провајдеру, во вашите општи правила на работење стои пасусот со кој се забранува расистичка и пропаганда на омраза. Ние пронајдовме еден што го прекршува тоа правило, би сакале ли да го симнете од интернет“, објаснува Штефан Гласер од „југендшуц.де“.

Во 80 проценти од случаите на очигледна злоупотреба на интернетот за десно-екстремистичка пропаганда посочените сајтови се бришат или се блокираат.

Автор: Панајотис Купаранис/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска