Мицотакис-Заев: Брза имплементација на Договорот од Преспа
24 септември 2019Според извори во грчката влада кои ги пренесува грчката државна новинска агенција, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис му предочил на македонскиот колега дека бил против Преспанскиот договор и дека како лидер на опозицијата работел против неговата ратификација. Но сега, по неговата ратификација, тој е дел од меѓународното право и Грција мора да го почитува, рекол Мицотакис. Грчкиот премиер барал од Заев да не се одложува имплементацијата на одредени аспекти на договорот, особено во делот на трговските марки.
Според грчки извори, средбата минала во добра и позитивна атмосфера. Заев ветил дека нема да има одложувања во имплементацијата на договорот. Обете страни изразиле подготвеност да се продолжи со спроведување на договорот и за брзо решавање на проблемот со трговските марки.
Заев, според грчките медиуми, рекол дека забрзаната имплементација на договорот ќе ги засили и грчките инвестиции во Северна Македонија, на што Мицотакис реплицирал дека и без договорот грчките инвеститори доаѓале во земјата.
И во соопштението на македонската влада од средбата се потврдува заложбата на премиерот за целосно спроведување на одредбите од Преспанскиот договор
Оттаму уште информираат дека Мицотакис дал поддршка за отворање на преговорите за членство во ЕУ.