1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Мистериозна болест кај канадски дипломат

СН/ агенции
29 ноември 2018

Повторно канадски дипломат се разболе на Куба. Уште пред две години слични инциденти доведоа до нагаѓања: дипломати од САД и од Канада мораа да си заминат од земјата поради болест со мистериозни симптоми.

https://p.dw.com/p/396yx
Kuba Havanna Botschaft Kanada
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/D. Boylan

Главоболка, проблеми со концентрацијата и вртоглавица. Проблемите на заболените лица најмногу наликуваат на оние по потрес на мозокот. Канада сега го потврди 13-тиот случај на дипломат кој страда од мистериозно заболување. Заболените Канаѓани се вработени во амбасадата на оваа земја во Хавана. И некои членови на нивните семејства исто така страдаат од оваа непозната болест.

Одговорната владина институција , „Глобални прашања Канада“, соопшти дека ги истражува инцидентите. Тоа им дозволи на дипломатите да ја напуштат карибската држава и да се вратат во Канада доколку сакаат. „Досега не е утврдена никаква причина", објави владината агенција во соопштението. Затоа, канадска делегација ќе отпатува во главниот град на Куба за да ги процени натамошните ризици.

САД истражуваат слични случаи

Од ноември 2016 година, вкупно 25 вработени во американската амбасада исто така страдале од мистериозни симптоми. Некои од погодените трајно го изгубија слухот. Други симптоми вклучуваат тинитус, главоболки, вртоглавица и нарушувања на спиењето, објави Вашингтон пост. Владата во Вашингтон како реакција на тоа повлече половина од својот дипломатски персонал во Хавана, со образложение дека заштитата на нивните дипломати не е гарантирана.

Kuba Havanna Botschaft Kanada
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/D. Boylan

САД ја обвинија кубанската влада за болеста, чии предизвикувачи никогаш не беа откриени. Властите на Куба, соопштија дека не пронашле никакви докази дека американските дипломати би можеле да бидат цел на некакви напади. Канада, исто така, повлече десет членови на персоналот на амбасадтата на Куба поради слични симптоми.

Студијата: Мистериозна болест кај дипломатите заклучи дека симптомите може да се објаснат со пулсирачко радио или микробранови. Од каде доаѓале тие, меѓутоа останува неразјаснето.