1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија и Србија пред визна суспензија

11 мај 2011

Европската комисија има предлог за суспендирање на визната либерализација за Македонија и Србија. Европскиот парламент стравува дека земјите членки на ЕУ можат да ги усвојат механизмите без консултација со нив

https://p.dw.com/p/11DSY
Фотографија: picture-alliance/chromorange

Ситуацијата е алармантна, бранот на имигранти и бранот на луѓе кои доаѓаат од Србија и посебно од Македонија кои бараат азил во Белгија, Шведска или Луксембург, по барање на некои земји членки на ЕУ, на прво место Белгија побараа од Комисијата да најде решение за овај проблем.

„Европската комисија подготви предлог за воведување на механизми за суспендирање на безвизниот режим. Тој предлог е ставен на маса за прв пат и поради тоа ситуацијата е алармантна“, вели во разговорот за Радио Дојче Веле, словенечката европратеничка Тања Фајон, која беше известувач за укинувањето на визниот режим за земјите од Балканот.

Во моментот кога во Европа се водат сериозни расправии за промена на шенгенските правила, бидејќи има се повеќе и повеќе имигранти од Северна Африка и од другите места во светот, непочитувањето на безвизниот режим од граѓаните на балканските земји, доведоа до алармантна ситуација.


Македонските власти треба да си ги исполнат обврските

„Поради тоа јас мислам дека би било многу значајно да властите во Македонија го спречат заминувањето на имигранти од кои најголемиот број од нив се припадници на етничките малцински заедници кои бараат азил во Европа. Имаме исто така информации дека има се повеќе организирани мрежи на луѓе кои се занимаваат со незаконска трговија на луѓе и на незаконски начин ги доведуваат луѓето во ЕУ и Шенген зоната. Тоа се многу сериозни и алармантни информации“, нагласува Фајон.

Ttanja Fajon
Словенечната европратеничка Тања ФајонФотографија: DW

Таа стравува дека предлогот на Европската комисија ќе биде усвоен од земјите членки на ЕУ, без тој да биде разгледуван од Европарламентот.

„Јас стравувам од тоа. Денес ќе имам средба со комесарката за внатрешни работи Мелмстром, бидејќи механизмот кој го има подготвено Комисијата за суспендирање на механизмите на безвизниот режим не се познати во детали, ниту колку време ќе трае таа суспензија. Има и друга грижа, од што исто така стравувам е дека тоа ќе биде механизам кој ќе биде усвоен брзо од земјите членки на ЕУ, без согласност на Европскиот парламент. Тоа значи дека би можеле две или три европски земји членки на ЕУ, кои имаат проблем со баратели на азил многу брзо да го воведат тој механизам за суспендирање.

Одговорноста паѓа врз политичарите во Македонија

Мислам дека тоа не би било добро ниту за граѓаните на Македонија, ниту за тие на Србија во овај случај. Слободата на движење е темелно човеково право и европска фундаментална вредност и се надевам дека сите ние ќе си ја завршиме својата работа и ќе бидеме одговорни, но одговорноста е повеќе на страната на политичарите во Македонија.“


На прашањето што треба македонските власти да направат за да се запре бранот на азиланти, Фајон одговара:

„Имавме повеќе разговори, Македонија треба да ги исполни сите услови. Таа веќе ги исполни во 2009 година, но работата со тоа не е завршена. Таа треба да продолжи и понатаму да работи на почитувањето на тие услови. Луѓето треба да знаат што значи безвизен режим, треба да се спречи криминалот, да се гарантира безбедноста на границите. Мислам дека властите добро знаат што е важно и само треба да ги исполнат овие услови.“

Jose Manuel Durau Barroso spricht vor dem Europäischen Parlament
Европскиот парламент во БриселФотографија: picture alliance/dpa

Бранот на азиланти од Македонија и Србија се должи пред се на многу лошата социјално-економска положба на ромското население, чии припадници се и најчестите баратели на азил.

„Луѓето кои бараат азил, го бараат бидејќи немаат можност за добар живот и сé што е можно да се подобри нивната ситуација за да останат и имаат услови за добар живот во нивните земји би било се разбира корисно. Се разбира тоа значи издвојување на повеќе пари за тоа“, заклучува словенечката европратеничка Тања Фајон.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Борис Георгиевски