1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Луѓето забрзано ја трошат планетата Земја

ЕМФ /агенции
31 јули 2018

Луѓето на Земјината топка неумоливо ги искористуваат ресурсите и им ја крадат иднината на децата и внуците, соопшти еколошката организација Светски фонд за природа (WWF).

https://p.dw.com/p/32NvX
Mann vor Globus Ballon Symbolbild Klimawandel
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Stache

Да беше фирма, одамна ќе банкротираше - светот живее на сметка на идните генерации. Светскиот фонд за природа (WWF) предупредува дека светот веќе денеска ги искористил ресурсите кои му стојат на располагање до крајот на годината. „Од 1 август повторно се зголемува глобалниот дефицит на човештвото. До крајот на годината ќе живееме 'на рабуш' и ќе ја трошиме основата за живот на нашите деца и внуци“, критикува Јерг-Андреас Кригер од WWF-Германија.

Светското население, според податоци на еколошката организација Global Footprint, се однесува и живее како да има располагање 1,7 Земјини топки.

Развојот е многу опасен, особено поради фактот што човештвото над можностите на природата живее повеќе од 30 години. Само за споредба: минатата година ресурсите за 2017. беа потрошени на 2 август, а пред 20 години исцрпувањето на годишните ресурси се случи во октомври. Последната година кога човештото живеело согласно ресурсите со кои располага била далечната 1970-та.

Symbolbild Zukunft Junge Erde Welt Globus Umwelt
Што ќе им остане на децата?Фотографија: Fotolia/olly

Последиците од повеќедецениското прекумерно искористување се видливи веќе денес, оценува WWF. Климатската криза и најголемото изумирање на видови од исчезнувањето на диносаурусите до денес, ги имаат зафатено сите континенти. Тоа го докажуваат и овие сушни пролет и лето, од што страдаат и земјоделството и еко-системите.

Организацијата Гринпис утре организира протести во 30 германски градови. Ќе се бара закон за заштита на ресурсите, што меѓу другото би значело и забрана за уништување на нова стока или производи кои може и натаму да се користат. „Ние консеквентно го игнорираме наједоноставното правило на стопанисувањето: никој не може да долг рок повеќе да троши, отколку што добива“, коментира портпаролката на Гринпис, Вајола Волгемут.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи