1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лејди Ди - бесмртна икона и во Германија

Мара Бирбах
31 август 2017

Додека беше жива принцезата Дијана доминираше на насловните страници на таблоидите не само во британскиот печат, туку низ целиот свет. Дваесет години по нејзината смрт таа сѐ уште има страствени обожаватели.

https://p.dw.com/p/2j8EE
Lady Di-Gedächtnis-Club mit Evelyn Marie Seidel
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Stratenschulte

Радиото е сѐ уште тука. Стои во еден регал сместен во „Дијана-ќошот" во нејзиниот стан, меѓу многу слики и цртежи од принцезата, книги за неа и една картонска кукла од принцезата во реална големина. На ова радио, Евелин Мари Зајдел утрото на 31 септември 1997 година ја слушнала веста за смртта на својот идол. Со мајка ѝ подготвувале појадок во кујната кога го вклучила радиото.

„Реков, мамо ова не може да биде вистина, нешто не е во ред, мора да е некоја измислена радио драма или погрешна вест." Но, веста беше вистина. Дијана, која по разводот веќе официјално не е принцеза, но неофицијално е „принцеза на срцата", загина во сообраќајна несреќа на само 36 години.

Најпознатиот фан на Дијана од Германија

Lady Di Club Germany
Почесно место на регалот за „принцезата на срцата“Фотографија: Evelyn Marie Seidel

Само во Германија над 16 милиони Германци го гледаа во живо на телевизија погребот на Дијана, додека низ светот 2,5 милијарди луѓе беа пред ТВ-екраните. По смртта на Дијана, шеесет и осум годишната Дијана Евелин Мари Зајдел го основаше Клубот „Лејди Ди" во Германија, во кој се дружат со останатите фанови. Таа за Дијана говори како за светица.„Секогаш велам, дури со малку тага: Дијана ни беше подарок нам и на светов, но ни беше одземена. И по трагичната смрт Дијана сѐ уште ги поврзува луѓето кои се дружат низ годиниве во клубот."

Сајдел денес е најпознатиот и веројатно најголемиот фан на Дијана во Германија. За роденденот на Дијана и на годишнината од нејзината смрт, Сајдел со дел од членките на клубот двапати годишно патуваат во Англија. Во Лондон, пред Кенсингтонската палата или во Алторп, во семејната гробница каде што е погребана Дијана, нејзините фанови од целиот свет полагаат цвеќиња и постери со пораки. „Интересот за Дијана не е голем само кај Британците, туку е особено голем и кај Германците и Американците", вели Зајдел: „Веројатно затоа што ние во Германија немаме монархија сме повеќе фиксирани на ова кралство. И во Америка, каде никогаш немало крал или монарх, луѓето се многу повеќе полудени по фотографии и сувенири со Дијана."

Lady Di Club Germany
Ќошот на Лејди Ди во станот на Евелин Мари ЗајделФотографија: Evelyn Marie Seidel

Сѐ уште на насловните страници

Интересот за принцезата не е голем само кај нејзините обожаватели. Интересот за Дијана, која е најфотографираната жена и модна икона на своето време, се чини воопшто не е намален ни во Германија. Бројни документарни филмови се посветени на „Свеќа на ветрот", како што ја опеа Елтон Џон. Киосците се преполни со магазини со насловни страници посветени на Дијана, на кои пишува „Дијана ни недостасуваш!“, а за „Ноје пост" принцезата е „засекогаш кралица на срцата“. Најпопуларниот женски магазин „Гала“, не само што ги вети „нејзините последни тајни“ во последното издание, туку ѝ посветија и посебно издание по повод дваесетгодишнината од нејзината смрт.

Што ја прави Дијана да биде толку многу популарна во Германија и низ светот?

„Синоним за кралско во осумдесеттите беше нешто застарено. Но потоа се појави оваа млада симпатична и убава жена - за многумина идеал за една принцеза, која ја модернизираше сликата за кралската куќа," вели Бригит Хенинг. Таа е новинарка во еден таблоид уште од 1989 година и е експерт за темите поврзани со кралските куќи. „Дијана имаше судбина во која човек можеше да земе удел: многу луѓе ја сакаа, но нејзиниот сопруг одбра друга. Нејзинат популарност е резултат на оваа драма и како со неа се справи Лејди Ди.“ Хенинг анализира дека низ годините Дијана повеќепати беше во фокусот, особено за време на свадбата на принцот Чарлс и нејзината „ривалка“, Камила Паркер Боулс, преку синовите на Дијана и особено за време на свадбата на принцот Вилијам и споредбата на Дијана со неговата сопруга Кејт.

Голем исклучок

Lady Di-Gedächtnis-Club mit Evelyn Marie Seidel
Евелин Мари Зајдел смета дека веќе никогаш нема да има толку посебна принцеза како ДијанаФотографија: picture-alliance /dpa/C. Gateau

Дијана е „Принцеза на столетието“, смета нејзината обожавателка Евелин Мари Зајдел. „Таа правеше работи кои претходно не ги направил ниту еден претставник на кралско семејство. Им помагаше на болни од ХИВ. Кралскиот шивач го замени со нови дизајнери. Спроведуваше многу хуманитарни акции за помош на децата.“ Зајдел станала фан на Дијана уште од нејзината свршувачка со принцот Чарлс во 1980 година, а ја пленило тоа што Лејди Ди била многу поразлична од останатите членови на кралските семејства: блиска до народот. „Веднаш забележав дека таа не носи ракавици како останатите членови на семејството. На пример, Кралицата и принцезите Ен и Маргарет секогаш носат ракавици. Тие се плашат да не се извалкаат кога се поздравуваат со луѓето. Кај Дијана видов дека нема ракавици и навистина срдечно се поздравува со луѓето.“

Евелин годинава се потруди да направи нешто посебно. Изготви постер специјално направен за неа „цела во злато“ за да го постави пред Кенсингтонската палата. Дваесетгодишнината од смртта на нејзиниот идол мора да биде посебно одбележана. „За ниту една друга принцеза не би основала ваков клуб“, вели таа. „Никогаш веќе нема да има ваква посебна принцеза.“