1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Крим: „Насекаде лежеа мртви тела“

ЖА / агенции
17 октомври 2018

По експлозијата во училиште на Крим со дваесетина мртви, руските власти сметаа дека станува збор за терористички напад, но веројатно е повеќекратно убиство извршено од поранешен ученик.

https://p.dw.com/p/36gt7
Halbinsel Krim  Explosion in einer Schule
Фотографија: imago/ITAR-TASS/Y. Keizo

Руските власти започнаа истрага за извршен терористички напад по експлозијата во училиште во градот Керч на Крим, како што беше официјално соопштено денеска во Москва. Но, според владата во Крим, зад инцидентот веројатно стои поранешен ученик во училиштето. Не е утврден точниот број на жртви, засега се оперира со бројката од најмалку 18 загинати и 50 повредени лица.

Претходно портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, кого го цитира агенцијата Интерфакс, изјави дека се врши проверка на сомневањето дали експлозијата е терористички акт. Според Песков, за инцидентот е информиран и рускиот претседател Владимир Путин.

Директорката на училиштето за локалната телевизија изјавила дека повеќе деца загинале откако напаѓач-самоубиец се разнесол во внатрешноста на зградата, а низ училишните простории се движело едно или неколку вооружени лица, застрелувајќи секого кој ќе им излезе на пат. „Насекаде лежат трупови на децата“, тврди директорката, според која  жртви има и од вработените во училиштето.

Во првите извештаи локалните власти поаѓаа од претпоставката дека се случила експлозија на гас. Но, подоцна Националниот антитерористички комитет на Русија излезе со оценка дека станува збор за активирана бомба полнета со метални делови. Во прилог на таа теза оди и соопштението на локалниот снабдувач со гас, според кое училиштето не располага со приклучок за гас.

Керч се наоѓа во источниот дел од украинскиот полуостров Крим, анектиран од Русија во 2014. година. Од овој град води мост кон руското копно.

Напад во училиште на Крим