1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кризата во ЕУ стана „поликриза“

Бернд Ригерт
29 декември 2016

Европската Унија ја мина 2016 година во состојба на криза, или „поликриза“ како што ја нарече претседателот на Европската Комисија, Јункер. Се случија многу настани кои не ветуваат дека 2017 ќе биде подобра

https://p.dw.com/p/2Uu36
Brexit Symbolbild EU Flagge Union Jack Europäische Union
Фотографија: Imago

Миграции, Брегзит, долгови, тероризам и Турција, тоа се основите на она што Јункер го нарекува „поликриза“. Изминатата 2016 година ќе остане забележана како многу лоша година за ЕУ. За тоа ќе се согласат многумина во Брисел. Но, тоа е и причина европските националисти, популисти и противници на ЕУ да слават.

Јануари

Годинава почна како што заврши претходната: со бегалската криза. Илјадници луѓе пристигнуваа секој ден преку балканската рута. Австрија беше првата земја која повлече кочница, затворајќи ја границата со Словенија и Унгарија. Малку по малку и балканските држави ги затворија своите. Бегалците и мигрантите почнаа да се собираат во Грција.
Во Брисел, Европската Комисија вети дека ќе и застане на патот на даночната евазија на големите корпорации.
Во Полска, уставниот поредок беше загрозен. ЕК предупреди дека новата конзервативна влада го загрозува уставниот суд. Комисијата започна процедура против Полска, која се уште не е завршена.

Serbien Flüchtlinge kommen in Adasevci an Omar aus Aleppo
Бегалец на балканската рутаФотографија: DW/L. Tomic

Февруари

Последен обид да се задржи Британија во ЕУ. На посебниот самит, премиерот Дејвид Камерон доби исклучителни поволности за неговата земја. Обезбедувајќи „чист пат кој треба да води кон нов договор за Британија во реформираната ЕУ“, Камерон за јуни закажа референдум за останување во Унијата. 

Март

Ужаснатост и паника на бриселскиот аеродром

ЕУ и Турција се договорија за ефективни мерки за обесхрабрување на бегалците и мигрантите да патуваат кон Европа. Од 20 март натаму, секој кој ќе пристигне во Грција од Турција ќе биде вратен назад. ЕУ во исто време да ја засили заштитата на своите надворешни граници. Планот функционираше и донесе драматично намалување на бројот на нови пристигнувања. Канцеларката Ангела Меркел ја промовираше новата бегалска политика откако беше жестоко критикувана од другите членки на ЕУ. Но дома, нејзината партија загуби на регионалните избори, а десничарско-популистичката АФД добива се поголема поддршка.

Терористички напади во Брисел. Исламисти убија 32 лица на аеродромот и во метро станица. Истрагата откри мрежа на терористи во Белгија, Франција и Сирија. Дел од нив влегле во Европа преку балканската рута. 

Belgien Maalbeek U-Bahn Haltestelle Blumen und Kerzen
Почит за жртвите од терористичкиот напад во БриселФотографија: DW/C. Martens

Април

Холандија го отфрли договорот за стабилизација и асоцијација на ЕУ со Украина. Холандското „не“ беше уште една победа за популистите, кои референдумот го претворија во гласање против премиерот Руте и ЕУ.
Папата го посети островот Лезбос. Условите во бегалските кампови на грчкиот остров се многу лоши, а ткн. „хот-спотс“ за прием на бегалците не функционираат. Повеќе земји-членки на ЕУ одбиваат да примат бегалци покажувајќи недостаток на солидарност во Унијата.

Мај

Во Австрија десничарската популистичка Партијата на Слободата (ФПО) загуби на претседателските избори со мала разлика. По жалбата на ФПО, во декември повторно се гласаше и повторно победи кандидатот на Зелените, Александер фан дер Белен.
Уште еден пакет-помош вреден повеќе милијарди евра беше одобрен за Грција. Грчката влада тешко ги исполнува условите и се влечка со реформите. Сепак, парите и натаму пристигнуваат за да се избегне уште една должничка криза.

Јуни

„ЕУ е во жална состојба“, изјави претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц. „Центрифугалните, екстремни сили победуваат на референдуми и избори“, рече тој.
И навистина, национализмот триумфираше на Брегзит во Британија. Предводниците на кампот за напуштање на ЕУ, набрзо исчезнаа и од политичката сцена. Лидерот на кампањата Најџел Фараж поднесе оставка од водечката функција во Укип. Борис Џонсон го одби премиерското место. Функцијата ја презеде Тереза Меј и ја искова максикамата „Брегзит значи брегзит“. Преостанатите 27-членки на ЕУ најавија дека нема да дозволат концесии за Британија и ја повикаа Меј да го претстави нејзиниот план. Но, повеќе месеци по референдумот, таа се уште нема план.

Brexit Reaktionen Nigel Farage
Славје на поддржувачите на БрегзитФотографија: Reuters/T. Melville

Јули

На самитот во Варшава, НАТО најави дека ќе стационира трупи на источната граница. Тоа треба да биде сигнал до рускиот претседател Владимир Путин. „Не сакаме конфронтација со Русија“, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Терористички напад во Ница. Исламистички терорист изврши напад со камион за време на прославата на францускиот национален празник. Загинаа 85 луѓе, а Франција и Европа беа во шок.
Во Турција, претседателот Реџеп Таип Ердоган успеа да се извлече по неуспешниот пуч. Ја консолидираше својата моќ со серија апсења и чистки. Бројот на терористички напади од страна на исламисти и Курди во Турција постојано расте. ЕУ го критикуваше Ердоган, но тој и беше потребен за да ги задржува мигрантите. Ердоган во повеќе наврати се закани дека ќе го поништи договорот за бегалците, но досега не го стори тоа.

Август

Земјотрес во централна Италија. Малотог градче Аматриче беше речиси срамнето со земја. Околу 300 луѓе загинаа. Италијанскиот премиер Матео Ренци вети итна помош, но граѓаните не му веруваа. Во 2009 имаше земјотрес во блиската Аквила, а семејствата се уште живеат во засолништа.

Септември

Земјите-членки на ЕУ се сретнаа во Братислава на самит по одлуката за заминување на Британија. Наместо единство- експлодираа кавгите околу мигрантската политика, недостатокот на солидарност, и барањата за поголем суверенитет на државите. Шефот на дипломатијата на Луксембург, Жан Аселборн побара Унгарија да биде исфрлена од ЕУ поради автократските политики на премиерот Виктор Орбан. Членките од северот и југот се судрија и поради буџетската политика. 

Slowakei EU Gipfel in Bratislava Gruppenfoto
Самитот во Братислава уште еднаш на површина ги извади длабоките поделби во ЕУФотографија: Getty Images/AFP/J. Klamar

Октомври

ЦЕТА станува реалност. ЕУ и Канада потпишаа договор за слободна трговија, по големите проблеми на европска страна. Ветото на еден белгиски регион речиси го уништи договорот. ЦЕТА сега мора да биде ратификувана од сите членки. Договорот со САД, ТТИП, од друга страна е далеку од сигурен. Тој се соочува со отпор и на европско тло, но и во САД.

Исчистена „џунглата во Кале“. Илјадници луѓе се обидуваа илегално да преминат од Франција во Британија преку копно или море. Мигрантите беа редистрибуирани низ Франција, каде треба да бидат процесуирани нивните барања за азил. Ова не е првпат да се расчистува „џунглата“ последниве години.

Ноември

Европскиот парламент побара замрзнување на преговорите за членство со Турција, обвинувајќи ја земјата дека ги нарушува основните европски вредности. Министрите за надворешни работи на ЕУ не отидоа толку далеку- тие само одлучија да не се отвора ново поглавје од преговорите. ЕУ одлучи да продолжи да работи со балканските држави за нивно членство.

Декември

ЕУ се уште не ја држи под контрола бегалската и мигрантската криза, вели претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер. Малкумина доаѓаат преку балканската рута, но и натаму огромен број луѓе пристигнуваат од Африка. Затоа ЕУ сака да ги убеди африканските земји да ги спречуваат мигрантите. ЕУ ова го нарекува „мигрантско партнерство“.
На декемврискиот самит, ЕУ призна дека нема капацитет да реагира во врска со конфликтот во Сирија. Брисел може само немоќно да ги набљудува акциите на Русија, Ирак и Сирија против цивилното население. Истата импотентност важи и за злосторствата на бунтовниците.

Italien Rom Referendum
Неуспешниот референдум значеше и крај за Матео Ренци на премиерската функцијаФотографија: DW/B. Riegert

Уште една победа за популистите: овојпат во Италија. Социјалистичкиот премиер Матео Ренци доживеа дебакл на референдумот за уставните измени. По неговата оставка, техничка влада треба да најде решение за големата банкарска криза во земјата.

Уште еден терористички напад ја шокираше ЕУ на крајот на годината, овојпат во Берлин. 12 луѓе загинаа, а 50 беа повредени откако камион влета во маса луѓе на божикно пазарче.

Неколку ЕУ- членки ги зголемија безбедносните мерки по нападот, додека Унијата размислува за заеднички мерки за борба против тероризмот, кои нема да ги намалат граѓанските слободи.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија