1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Која загатка ќе ја одгатне денеска СЈО?

БГ
23 март 2017

Специјалното јавно обвинителство, невообичаено, денешната прес-конференција ја најави со гатанка. Се најавува отворање на нови случаи кои, повторно, ќе започнуваат на буквата „Т“

https://p.dw.com/p/2Zn9Y
Mazedonien Sonderstaatsanwältin Ristoska, Janeva und Fetai in Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

СЈО предизвика изненадување во јавноста откако денешната прес-конференција ја најави со загатка:

„Транспортер носи тотал триста табли кај Тифани“.

Невообичаената најава ја заинтригира јавноста.
Сите досегашни случаи кои ги отвори СЈО започнуваа на буквата Т:

Таргет, Титаник, Тортура, ТНТ, Транспортер, Тврдина, Трезор, Топлик, Тендери, Тарифа, Тенк и Труст. Вкупно 12 на број. Во нив, осомничени и обвинети се десетици актуелни и поранешни државни, локални и партиски функционери и бизнисмени.

Дали денеска ќе биде отворен еден или повеќе случаи ќе дознаеме во 11 часот. Ова се случаите кои досега ги отвори СЈО.