Кризата со коронавирусот стана егзистенцијална криза за проституцијата во Германија, која е законски регулирана.
Додека на поголемиот дел од продавниците како што се салони за масажа, фризерниците и козметичарските салони им е дозволено да се отворат под хигиенски услови, понудувачите на сексуални услуги мора да останат затворени, затоа што властите во земјата сметаат дека ризикот од инфекција во боределите е преголем.
Борделите според актуелните рестриктивни мерки би требало да бидат затворени до 10-ти август.
Проститутките ширум земјата со протести го свртеа вниманието на јавноста кон проблемите со кои се соочуваат во пандемијата.
Еден од највпечатливите беше во квартот на црвените светилки во пристанишната метрополоа Хамбург (насловно видео). Таму здружението на проститутки разви и реалистичен и сеопфатен хигиенски концепт за работењето во услови на пандемија.