1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Загуба од 250 милијарди евра

Клаус Улрих
15 март 2021

Пандемијата само во првиот квартал од годинава ги чини Германците 50 милијарди евра. Вкупната штета е многу поголема.

https://p.dw.com/p/3qf6P
Deutschland Pandemie BG l Kölner Innenstadt während Coronakrise, Lockdown
Фотографија: Rupert Oberhäuser/picture alliance

Институтот за германска економија во Келн (ИВ) пресмета дека за една година Германија во пандемијата загубила 250 милијарди евра. Повеќе од 16.000 претпријатија имаат пријавено несолвентност, а кон нив треба да се додадат и околу 5000 т.н. „зомби фирми“ без перспектива.

„Корона-кризата беше и е шок за германската економија каков што не е виден досега“, вели директорот на ИВ, Михаел Хитер. „Со пакетите за помош кои ги донесе германската влада и помошта за работниците со скратено работно време можеше да се избегне најлошото, но исплатите се чекаа долго, дури и многу долго време.“ Оваа тешка фаза за дел од компаниите беше погубна. „Останува да се надеваме дека ќе се забрза темпото на вакцинирање, така што фирмите конечно ќе имаат основана увереност и сигурност во планирањето“, додава Хитер.

Повеќе:

Банкроти поради корона: 25.000 компании ќе стават клуч на врата?

Германската економија со пад од пет проценти во 2020

Германска економија: лоши времиња, добри времиња

Затворени продавници, пореметени ланци на снабдување, милиони луѓе со скратено работно време - пандемијата ги погоди во сржта речиси сите сфери на економијата. Особено големи проблеми создадоа долгите локдауни.

Infografik BIP Verlust durch die Coronakrise DE
БДП загуби поради корона-кризата (во милијарди евра)

Шок во вториот квартал на 2020-та

Во првиот квартал на 2020 година, според пресметките на Институтот за германска економија во Келн, брутодомашниот производ не забележал огромен пад. Во вториот квартал следува шок - прогнозираниот БДП без корона во овој временски период би изнесувал околу 850 милијарди евра, а постигнати се - 750 милијарди евра. Во третиот квартал на минатата година, особено во летните месеци, дупката е повторно значително, но не и сосема затворена. Со почетокот на новиот локдаун, загубата во економијата повторно се зголемува. Пандемијата, според ИВ, само во првиот квартал од оваа година ја чини Германија околу 50 милијарди евра.