1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Каде најчесто се заразуваат луѓето?

Јоша Вебер
30 октомври 2020

Делови од Европа повторно влегуваат во „локдаун“ поради пандемијата и многу луѓе се прашуваат: Зошто некои места се затвораат, а на други им е дозволено да останат отворени? ДВ нуди преглед на досега познатите факти.

https://p.dw.com/p/3kdoe
USA Kalifornien | Schule und Corona-Pandemie
Фотографија: Prentice C. James/CSM/Zuma/picture alliance

Во Германија врие: рестораните стравуваат за својата егзистенција, индустријата за организирање настани смета дека нeјзиниот бизнис е пред умирање, уметниците и културните работници се ужасени, во спортот се зборува за „катастрофа“, а германските средни претпријатија предупредуваат од „смртоносен удар“ за десетици илјади компании .

Според истражувањето на магазинот „Шпигел“, повеќе од 62 проценти од Германците сметаат дека новиот „локдаун“, кој стартува од 2 ноември е неопходен. Но, многу општествени сегменти не гледаат ваква неопходност во својата област. Ова исто така има врска со понекогаш контрадикторните изјави и информации во изминатите неколку недели за главните места на заразување со коронавирусот во Германија . Нашата проверка на фактите појаснува што знаеме, а што не за местата на инфекција со коронавирусот.

Deutschland Köln Symbolfoto Maskenpflicht
Фотографија: Christoph Hardt/Geisler-Fotopress/picture-alliance

Каде се заразуваат луѓето во Германија?

Повеќето луѓе во Германија моментално најмногу се заразуваат преку приватни контакти. Сопственото домаќинство е најчестото место на инфекција (заклучно со 27 октомври), велат податоците на институтот „Роберт Кох“ (РКИ).  Подеднакво чести локации на заразување се домовите за пензионери и за стари лица, по што следува работното место.

Повеќе:

-Опозицијата ја обвинува Меркел за „корона-диктатура“

-Ќе го прифатат ли Германците новиот делумен „локдаун“?

-Германија оди во едномесечен „локдаун“

Стапката на инфекција е значително помала кај активностите во слободното време на граѓаните, кое сега силно е погодено од  новите „локдаун“- мерки  на сојузната и на покраинските влади во Германија. Бројот на инфекции во медицинските установи, на пример во болниците, или во лекарски ординации, се споредливо помали, но од неодамна значително се зголемија. Слично е и во училиштата, во градинките или во домовите за бегалци. Во рестораните, баровите и хотелите се случува само мал дел од инфекциите во Германија, но тие се едни од најтешко погодените од новите мерки.

Ризикот од заразување во јавниот превоз е уште помал. Сепак, ова може да се должи и на големиот пад на бројот на патници во автобусите, трамваите и во возовите за време на пандемијата. Поголем дел од инфекциите се јавуваат на места кои институтот „Роберт Кох“ не ги дефинира попопрецизно и ги сумира под „Други локациии“.

Дали местата на инфекција се исти како и при првиот корона-бран?

Не, постојат забележителни разлики. Во екот на првиот бран на пандемијата на Ковид-19 во Германија, во домовите за стари лица имаше повеќе инфекции отколку во приватните домаќинства. Медицинскиот сектор, особено во болниците, како и во домовите за бегалци, имаше многу почесто инфекции отколку сега. Училиштата и градинките не играа никаква улога во пандемијата во пролетта, што е логично - за разлика од сега, тие беа затворени во целата земја. Забележливо е дека работното место пролетоска играше подредена улога, но сега таму има повеќе случаи.

Наглото зголемување на инфекциите на работното место во јуни главно се должеше на кластери во кланици и на фарми со сезонски работници. Стапката на инфекции во Германија е променета во споредба со првиот бран на пандемијата. Делумно може да се објасни поради тоа што имаше поинакви мерки од страна на властите, овие мерки ќе станат појасни само кога ќе има повеќе податоци за тековниот пораст на бројот на инфекции во Германија.

Училиштата и градинките остануваат отворени - дали е тоа оправдано?

Владите во Германија и во Франција одлучија да ги држат училиштата и градинките отворени, и покрај  сеопфатните затворања во јавниот живот. Ова, меѓу другото, е образложено со посебната важност на образованието за општеството.

Ако се гледаат само чистите бројки, одлуката изгледа разбирлива. Дури и ако училиштата и градинките играат одредена улога во процесот на инфекција, таа е релативно мала. Според податоците на РКИ, само  малку жаришта на коронавирусот биле забележани во образовните институции.

А таков е случајот и во други земји: во Ирска училиштата се одговорни за појава на коронавирус во нешто помалку од 7 проценти од случаите, во Шпанија пак 6 проценти. Ова исто така се должи на фактот дека младите луѓе се помалку погодени од вирусот отколку постарите лица: во август уделот на луѓе до 18 години меѓу заразените во Европа изнесуваше пет проценти. 

Колкаво е значењето на податоците за попрецизна анализа?

За жал, податоците на РКИ во овој момент се со ограничено значење за попрецизни заклучоци за локациите на заразување. Статистиката на институтот ги бележи само таканаречените жаришта на заразување, односно документирани случаи на две или повеќе инфекции. А, освен тоа, РКИ признава: „Само околу една четвртина од вкупно пријавените случаи со Ковид-19 можат да бидат поврзани со жаришта на заразување“.

На прашањето на ДВ за преостанатите 75 проценти на корона-инфекции во Германија, РКИ одговори: „Ние всушност немаме повеќе податоци“. И Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) не можеше да обезбеди никакви податоци за местата на заразување на  барање на ДВ.

Значи, три четвртини од вкупниот број на инфекции во Германија не се документирани во однос на локацијата на заразување. Од една страна, ова се должи на комплексноста на тоа секоја една инфекција да се поврзе со точна локација, бидејќи некои луѓе остануваат без симптоми и по неколку дена пред да ги развијат. Откривањето на изворот на инфекција тогаш е тешко возможно. Од друга страна, оваа нецелосна состојба на податоците ја отежнува и прецизната реакција на пандемијата - и тоа не само во Германија. Сепак, податоците од другите земји покажуваат барем слични трендови. Студиите во Јужна Кореја исто така упатуваат на приватните домаќинства како центар на процесот на инфекција, каде што има „шест пати поголема веројатност за заразување со Сарс-Ков-2 отколку при други блиски контакти“. И едно кинеско истражување проценува дека процентот на инфекции во приватни домаќинства е околу 69 проценти.