Вакцинирање во Германија уште пред крајот на 2020?
23 октомври 2020Германија се подготвува да започне со вакцинирање против коронавирусот пред крајот на годината, пишува најтиражниот германски весник Билд во неговото денешно издание. Министерството за здравство планира да направи 60 посебни центри за вакцинирање и писмено побарало од 16-те сојузни германски сојузни покраини да достават можни адреси за овие центри до 10 ноември, пишува Билд не наведувајќи ги своите извори.
На видео конференција на почетокот на неделава, министерот за здравство Јенс Шпан, кој и самиот во средата доби позитивен тест на коронавирусот, рече дека германската компанија БиоНТеk е близу до добивање одобрување за неговата вакцина.
Вакцина во Германија до крајот на годината?
„Тоа би можело да се случи до крајот на годината“, изјавија за Билд учесници на оваа конференција, кога Шпан одговорил на прашањето кога ги очекува првите вакцини.БиоНТек развива вакцина во партнерство со Физер.
Повеќе:
-Европска комисија: Kорона-вакцина нема да има уште со месеци
-Студија: Мнозинство од населението би примило корона-вакцина
-Шпан: Вакцина против коронавирус на почетокот на 2021-ва
Минатиот месец Германија насочи 745 милиони долари за компаниите БиоНТех и КјуреВак да ја забрзаат работата на вакцината и да ги прошират германските производни капацитети.
Заразата во Германија се забрзува, а податоците од четвртокот покажаа дека за првпат бројката на новозаразени за 24 часа надмина 10.000. Институтот Роберт Кох во последните 24 часа пријави 11.242 нови инфекции на коронавирусот и 49 починати лица. Од почетокот на пандемијата во Германија се заразени 403.291, а починаа 9954 лица.