Конференција на ОБСЕ за борба против екстремистички интернет пропаганди
20 јуни 2004На конференцијата одржана во Париз и посветена на борбата против овие појави, дојдоа до израз две јасни позиции, исто како и во борбата против тероризмот.
”Нетпреливоста, последниве години, напредна насекаде во Европа, потпирајќи се врз интернетот. Со своите карактериститки, брзината и анонимноста на учесниците, интернетот брзо ги привлече движењата кои ја поддржуваат расната нетрпеливост", констатира францускиот шеф на дипломатијата Мишел Барние.
Неодамншната студија реализирана во Велика Бриртанија, која се однесува на 15 земји членки на ОБСЕ, покажува дека во изминативе четири годиним бројот на екстремистичките веб страници се зголемил за 300%. Интернет мрежата е фатена во замката на екстремистите и затоа се потребни соодветни одговори. Превенцијата е потребна, но таа е недоволна и затоа се смета дека треба да се зајакне контролата на интернет мрежата, но не на сметка на слободата на изразување.
За европските земји, кои започнуваат да донесуваат законски мерки за борба против омразата и нетрпеливоста која се шири преку интернет мрежата, постои јасна поврзаност меѓу расистичката, ксенофобската и антисемистичката пропаганда од една страна и криминалните акти од друга.
Анализата на европските земји не ја делат Американците, кои иако згрозени од содржината на некои дискусии кои можат да се најдат на интернет, остануваат верни на првиот член од американскиот устав, со кој се гарантира слободата на изразување. Вашингтон е на мислење, дека регулирањето на интернет мрежата не е соодветното оружје за борба против нетрпеливоста.
Роберт Бадинтерм кој ги повика учесниците на париската конференција да си замислат само ”што можеше да направи Гебелс, ако располагаше со денешната техника на интернетот”, ја нарече ”парадоксална” американската позиција.
Според Жил Кармасин, претставник на една невладина организација која се бори против ревизионистичките тези, ”80% од идентификуваните пропагандистичките веб сајтови се сместени во земјите кои се вистински рај за слободата на изразување.” Тој побара итни законски мерки, оценувајќи дека технички многу лесно можат да се филтрираат содржините на веб сајтовите.
Земјите членки на ОБСЕ иако со различни ставови, сепак се согласни дека е потребна координација во борбата против киберкриминалитетот, како перењето на парите, упадите во банкарските счетки, крадењето на податоцим педофилијата итн.
Конвенцијата на Советот на Европа, со која се предвидени рестриктивни мерки и правосудна соработка, кон која се приклучуваат и САД ќе треба да стапи на сила на 1 јули годинава. Воедно Советот на Европа има изработено и посебен протокол посветен на борбата против расизмот и ксенофобијата на интернетот. Меѓу мерките кои се барат од државите, е најпрво да тие се стекнат со закони, кои ќе го казнуваат предизвикувањето и подтикнувањето на расна омраза; Таквите закони се скоро непостоечки во многу земји од источна Европа.