Коза Ностра повторно ”обезглавена”
6 ноември 2007Истрагата на полицијата траеше речиси половина век. 24 години Салваторе Пиколо беше во бегство, а во моментов се смета за најмоќниот мафијашки бос во Италија. Неколкупати досега овој 65 годишен Сицилијанец за влакно и бегаше на полицијата. Но, тоа не му успеа и во понеделникот наутро. Шефот на полицијата во Палермо, Џузепе Карузо, гордо соопшти.
“На ова апсење работевме со години. Во изминативе два месеца добивме многу информации за местото на кое од време на време се среќава Пиколо со останатите мафиози, и на кои носат важни одлуки”.
Пиколо е уапсен со синот и уште два мафијашки боса додека имале средба во мала селска куќа, недалеку од Палермо. Неговиот син Сандро, Андреа Адамо и Гаспаре Пулици исто така беа на листата 30 најбарани криминалци во Италија. За италијанските истражители ова е голем успех во борбата против организираниот криминал, по минатогодишното апсење на дотогашниот “мафијашки кум” Бернардо Провенцано. Салваторе Ло Пиколо кој веќе е осуден на доживотен затвор за убиство, важеше за наследник на Провенцано и човек кој застана на чело на Коза Ностра.
Форгионе: се менуваат работите на Сицилија
Во Италија политичарите и анти мафија активистите со радост ја примија веста за апсењето на Пиколо и неговите соработници. За претседателот на анти мафијашката комисија во италијанскиот парламент, Франческо Форгионе ова е знак дека работите на Сицилија се менуваат:
“Ова е момент на голема побуна на цивилното општество, претприемачите, но и на политиката. На пат сме да и нанесеме голем удар на мафијашката организација. Нивните криминални активности се погодени, но исто така и системот на социјални и политички во општеството.”
По апсењето на Ло Пиколо, изјави Форгионе, никој не може да верува дека мафијата има бесконечна моќ во Сицилија.