1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ковид-19: „Сините ангели“ над Њујорк

11 мај 2020

Со недели наназад демонстрациската ескадрила на американската воена морнарица наречена „Сини ангели“ со формациски летови над градовите во САД, најтешко погодени од пандемијата на коронавирусот, им оддава признание на здавствените работници и вработените во итните служби во првите редови на фронтот против Ковид-19. Погледнете како изгледаше прелетот над Њујорк на „Сините Ангели“.

https://p.dw.com/p/3bcBy

САД се најтешко погодена земја од пандемијата на коронавирусот. Бројот на починати од последиците на Ковид-19 се искачи на речиси 80 илјади. Сепак, САД во изминатите 24 часа пријавија 776 починати лица од коронавирус, што е најмал број од март. .
Веќе неколку недели, бројот на жртвите дневно изнесуваше меѓу 1.000 и 2.500 . Бројот на досега регистрирани инфицирани од коронавирусот изнесува  1.329.072. 
Експертите меѓутоа сметаат дека тој број би можел да биде поголем,  поради недоволното тестирање.