1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ковид-вакцини за деца: Изборот станува поголем

СН/агенции
24 јули 2021

Покрај вакцината од Бионтек/Фајзер отсега во земјите на ЕУ и вакцината на Модерна може да се користи и за деца над 12 години. Европската агенција за лекови (ЕМА) даде зелено светло.

https://p.dw.com/p/3xyJx
Deutschland | Coronavirus | Moderna Impfstoff
Фотографија: Frank Hoermann/SVEN SIMON/picture alliance

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри употребата на вакцината на Модерна за деца на возраст од 12 до 17 години. Конечната одлука сега треба да ја донесе Европската комисија. Но, станува збор за формална одлука. 

Ова е втора вакцина против Ковид-19 која е одобрена за деца на возраст од 12 до 17 години, откако на крајот од мај годинава беше одобрена употребата на вакцината на Фајзер/Бионтек за деца над 16 години, а потоа се продолжи за возраст меѓу 12 и 15 години. 

„Ефектите од вакцината на Модерна се проценети во студија во која учествуваа 3.732 деца меѓу 12 и 17 години. Студијата сѐ уште е во тек, а се спороведува во согласност со Планот на педијатриска истрага Спијквакс (Пип), кој е договорен со педијатрискиот комитет на ЕМА. Во студијата е следен ефектот од вакцината кај деца на возраст од 12 до 17 години. Ниту едно од 2.163 деца кои ја примија вакцината не разви Ковид-19, наспроти 4 од 1.073 кои добија пласибо“, стои во соопштението.

Повеќе:

-Вакцината Модерна – стопроцентно ефикасна и кај деца

-Колку се навистина неопходни ковид-вакцините за деца и млади?

-Започнува имунизацијата на децата, со „Фајзер“ ќе се вакцинираат 1.800 адолесценти

Делотворноста на вакцината на Модерна кај децата од 12 до 17 години е слична како онаа која се покажува кај возрасните.

Најчести несакани ефекти во оваа група, исто така, се слични како оние кои се среќаваат кај лицата над 18 години. Тие вклучуваат болка и оток на местото на аплицирање, но и замор, главоболка, болка во мускулите и зглобовите, отечени лимфни чворови, студ, мачнина, повраќање и температура.

„Овие ефекти се главно благи или умерени и се подобруваат во рок од неколку дена од вакцинацијата“, се наведува во соопштението.