Клиниките во ЕУ се подготвуваат за втор бран на коронавирус
22 јуни 2020„Потребна ни е здравствена армија", изјави Маурицио Чечони, избраниот претседател на Европското друштво за интензивна медицина и шеф на Одделението за интензивна нега на една болница во Милано.
„Доколку се случи втор голем бран, треба да бидеме спремни да ангажираме лекари и медицински сестри на пример од блиските региони на Италија. Тоа не беше случај при првиот бран на епидемијата на коронавирусот".
Повеќе:
Комплицирана рехабилитација на тешко болните од Ковид-19
Болничките капацитети полни, кадрите истоштени
Ковид-19: Опасниот страв од одење на лекарски преглед
Досегашниот претседател на Европското друштво за интензивна медицина Јозеф Кезеџиоглу истакнува дека многу медицински работници и негуватели во текот на првиот бран на Ковид-19 апсолвираа брзи курсеви за постапување со пациенти заболени од коронавирус, а сега тие треба да добијат продлабочена обука.
Претседателот на лекарската комора на Германија Клаус Рајнхард пак, со оглед на пандемијата на коронавирус, пледира за постоење постојани кризни одделенија во болниците.
„Мораме постојано да имаме на располагање извесни капацитети и секако финансиски средства за нивно одржување“, вели тој, дополнувајќи: „Тоа е како кај противпожарната служба, таа чини пари, дури и тогаш кога не е во акција, но кога некаде гори, таа е брзо тука.“