1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Кина: Враќање во кризниот режим

СН/агенции
15 јуни 2020

Се чинеше дека коронавирусот во Кина е под контрола, но сега расте стравот од втор бран на инфекции. Во Пекинг се регистрирани многу нови случаи, колку што немало со недели на назад. Погодените населби се во кризен режим

https://p.dw.com/p/3dldg
China Wenling Tote nach Explosion eines Tanklasters
Фотографија: Getty Images/AFP/STR

Во Кина денеска се пријавени нови 49 случаи на заразени со коронавирусот од кои 36 во главниот град Пекинг и тоа поврзани со пазарот на големо кој го снабдува поголемиот дел од градот со месо, риба и зеленчук. Останатите 10 случаи се увезени од странство и се регистрирани во провинцијата Хубеј, во близината на Пекинг.

Националната здравствена комисија денеска пријави дека 117 лица се лечат од Ковид-19, а 115 се во изолација и под надзор затоа што покажуваат знаци на болеста или се тестирани позитивно, но немаат симптоми.

China Coronavirus Xinfadi Markt in Beijing
Фотографија: Reuters/

Новите случаи забележани денеска претставуваат најголем дневен број заразени втор ден по ред во последните два месеца, и поради тоа Пекинг го откажа најавеното отворање на некои основни улилишта и воведе некои нови рестриктивни мерки.

Повеќе:

-Ново жариште на корона во Кина, изолирани делови од Пекинг

-Коронавирус: Тестирани десет милиони жители на Вухан - нема нови случаи

 Градот, исто така, го затвори пазарот на големо Синфади и нареди тестирање на сите вработени. Околу пазарот 11 стамбени населби се ставени во изолација. Рестораните во градот мораат да спроведат тестови на својата сурова храна.Во Пекинг кој досега беше доста поштеден, од петокот се забележани 75 нови случаи на заразени. Неколку градови во земјата сега им советуваат на своите граѓани да не патуваат во Пекинг.

Локалните медиуми јавуваат дека вирусот е пронајден на блоковите за сечење лосос на пазарот, поради што поголем дел од супермаркетите во Пекинг ја повлекоа оваа риба од продажба, пренесува Би-Би-Си.

China Peking Neue Abriegelungen nach Corona-Ausbruch
Фотографија: Getty Images/AFP/G. Baker

Според кинеската Национална здравствена комисија, во Пекинг е забележан еден нов случај на коронавирусот во четвртокот и 6 во петокот, и тоа се први случаи за речиси два месеца. Во саботата се забележани 36 нови случаи во Пекинг и сите се поврзани со пазарот Синфада.

Повеќе:

-Кина прифаќа меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот

Здравствените власти во Пекинг наведуваат дека генските испитувања покажуваат оти овој тип на вирусот кој предизвикува ново жариште е поврзан со типот во Европа, но не е јасно дали се шири со движење на луѓето или преку транспорт на храна.Во Кина вкупно се пријавени 4.634 смртни случаи од вирусот, а 83.181 лица се заразени од почетокот на епидемијата.