1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Ким Јонг Ун: Нуклеарното копче ми е на дофат на раката

ЖА / агенции
1 јануари 2018

Севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун во телевизиско обраќање се закани дека со стискање на копчето може да го активира нуклеарното оружје.

https://p.dw.com/p/2qBJf
Nordkorea Kim Jong Un
Фотографија: Reuters/KCNA

Целокупната територија на САД се наоѓа во опсегот на нашето нуклеарно оружје, а копчето за негово активирање се наоѓа на мојата работна маса“, изјави севернокорејскиот властродржец Ким Јонг Ун во своето новогодишно обраќање, пренесувано преку телевизијата.

„Ова не е само закана, туку реалност“, истакна Ким, според кого неговата земја ја достигнала историската цел да прерасне во атомска сила, која сега треба да премине кон масовно производство на проектили и нуклеарни боеви глави, кои ќе бидат употребени само ако безбедноста на земјата биде под закана.

Ким ја истакна потребата за намалување на воената тензија на Корејскиот Полуостров и изрази подготвеност на неговата земја за разговори со Јужна Кореја. Покрај тоа, Северна Кореја е подготвена да учествува на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

„Учеството на Северна Кореја на Зимските олимписки игри ќе биде добра можност да го покаже единството на луѓето и да се надеваат дека истите се успешни. Претставниците на двете Кореи може да се состанат наскоро за да разговараат за оваа можност“, рече севернокорејскиот лидер.

Северна Кореја продолжува со развој на атомско оружје, постојано упатувајќи закани кон САД и Јужна Кореја.  Меѓународно изолираната земја лани во септември тестираше хидрогенска бомба, која според јапонски проценки имала сила од 160 килотони, повеќе од десетпати посилна од атомската бомба која САД ја фрлија врз Хирошима во 1945. година. Во ноември пак, Пјонгјанг соопшти дека извршил проба на интерконтинентална ракета која може да стигне до секоја точка на копнената територија на САД. Советот за безбедност на ОН на 22 декември 2017 година ги заостри постојните санкции против Северна Кореја како одговор на најновите ракетни проби.