И по повеќе од 20 години по војната во Косово, судбината на многу исчезнати лица и натаму не е разјаснета. Масовни гробници се откриваат до ден-денес. Семејствата на жртвите немаат мир. За многумина, меѓутоа, неизвесноста значи и надеж дека барем ќе бидат пронајдени посмртните останки на нивните најблиски.