Историски успех и надеж за олимписки квалификации
26 јануари 2012Македонската ракометна репрезентација ќе се бори за пласман на петтото место на Европското првенство, кое се игра во Србија, откако синоќа ја победи репрезентацијата домаќин со 22:19. Кире Лазаров со 10 постигнати голови беше предводник до големата победа со која е постигнат најголемиот успех во репрезентативниот ракомет.
Македонските ракометари имаа поддршка од преку 10 илјади гледачи кои отпатуваа во Белград да го проследат историскиот успех. Победата над Србија и пласманот меѓу првите шест места беше прославена на плоштадите низ државата. Македонскиот селектор Ѕвонко Шундовски беше задоволен од играта на високо што ја покажале репрезентатиците, впрочем као и на секој натпревар што го одигравме.
"Ние дојдовме до шанса да се бориме за петтото место и за квалификации за Олимписките игри што е најголем успех во историјата на нашиот ракомет. Натпреварот против Словенија може многу да ни‘донесе“, изјави Шундовски на прес-конференцијата по средбата во белградската Арена.
Автор:СН/АМ/бета/миа
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска