1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Иран ќе продолжи со ракетната програма

СН/ дв
29 јули 2017

Новите санкции на САД против Иран, внесоа нови тензии во односите меѓу двете земји. Техеран ги осуди санкциите порачувајќи оти му наштетуваат на меѓународниот договор за спорната иранска атомска програма.

https://p.dw.com/p/2hLtz
Iran Start der Satellitenträgerrakete Typ Simorgh
Фотографија: picture-alliance/dpa/Iranian Defense Ministry

Иран со „сите сили“ ќе продолжи со својата програма за развој на балистички ракети и ги осудува новите американски санкции, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Гасеми. „Ќе продолжиме со развој на нашата балистичка програма со сите сили“, рече Гасеми.

Тој додаде дека Иран ги осудува „непријателските и неприфатливи акции“ на САД, иако претседателот Доналд Трамп сѐ уште не го потпиша законот за санкциите. Сенатот на САД вчера усвои закон за нови санкции против Русија, Иран и Северна Кореја.

На Иран му се воведени санкции поради балистичката програма, човековите права и поддршката на Техеран за групите како либанскиот Хезболах или палестинските групи кои САД ги сметаат за терористички. „Нашата политика во рамки на војската и на бласитичката програма е јасна и таа е внатрешна работа на Иран. Другите земји немаат право да се мешаат, а сигурно ние не им го дадовме тоа право“, рече Гасеми.

Iran Start der Satellitenträgerrakete Typ Simorgh
Фотографија: Reuters/Tasnim News Agency

Според него „ненуклеарните санкции го слабеат нуклеарниот договор“, а Иран го задржува правото да преземе повратни мерки.

Новите санкции се насочени против иранската програма за балистички ракети и погодуваат 6 филијали од иранската Индустриска група Шахид Хемат, која американското Министерство за финансии ја опиша како „клучна“ за иранската програма за балистички ракети.

Новите американски санкции се воведени еден ден откако Иран успешно ја лансираше во вселената својата најнапредна ракета „Симорг“ со сателит, која е во можност да носи сателит тежок и до 250 килограми.

И прокрај фактот дека иранскиот проектил носеше во вселената сателит, САД тврдат оти тоа лансирање е еднакво на лансирање на балистичка ракета, бидејќи тој вид ракета со долг дострел е дизајниран да може да носи и нуклеарно оружје.