1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран поставува услови за средба со Трамп

ЕМФ /агенции
31 јули 2018

Американскиот претседател Трамп тврди дека е подготвен на разговори со иранското раководство „во секое време“. Техеран му поставува услови.

https://p.dw.com/p/32MKM
Bildkombo - Trump und Rohani

За да се одржи средба со иранското раководство, американскиот претседател прво би морал да го ревидира своето повлекување од атомскиот договор и да ги стави вон сила санкциите против Техеран, му порача Иран на Доналд Трамп. Советникот на иранскиот претседател Хасан Рохани, Хамид Абуталеби, на Твитер напиша: „Враќање кон атомскиот договор, крај на непријателствата и респект кон иранскиот народ (...), па потоа може да се трасира пат за излез од актуелната дилема.“

Трамп и иранското раководство во текот на изминатите денови си упатуваа закани. Вчера американскиот претседател во Белата Куќа изјави дека сигурно ќе има средба со Иран, доколку „тие сакаат средба“. „Не знам дали се веќе сега на такво нешто подготвени“, додаде Трамп нагласувајќи дека не смее да има „никакви предуслови“ за средба. Американскиот претседател тврди дека е подготвен „во секое време“ на разговори и оцени дека доколку се постигне разумен атомски договор со Иран, тоа би било „добро за нив, добро за нас, добро за светот“.

USA - Präsident Donald Trump beim Treffen mit Guiseppe Conte
Американскиот претседател Трамп тврди дека е подготвен на разговори со иранското раководство „во секое време“Фотографија: Reuters/C. Barria

Според Трамп, договорот од кој САД еднострано се повлекоа во мај е „попусто потрошена хартија“. Со повлекувањето на САД сега на Техеран му се закануваат санкции за финансискиот и енергетскиот сектор. Еден дел од санкциите би требало да влезат во сила на 6 август, а друг дел во ноември.

Со атомскиот договор постигнат во 2015 година Иран би требало да се спречи да произведува нуклеарно оружје.

Atomabkommen mit dem Iran unterschrieben
Славје во Иран по потпишувањето на атомскиот договор во Виена (14.07.2015)Фотографија: Mehr

Техеран изрази подготвеност да се откаже од атомската програма и да биде подложен на контроли, а за возврат му беа ветени економски олеснувања и поголеми странски инвестиции. Меѓународната агенција за атомска енергија постојано потврдува дека земјата се држи до обврските.