Ирак- 10 години потоа
Десет години по американската инвазација, како живеат обичните Ирачани?
Кошмарот продолжува
И покрај милијардите долари кои беа инвестирани за реконструкција во годините по американската интервенција, обичните Ирачани се’ уште се соочуваат со недостаток на електрична енергија и вода. Очајната состојба на основната инфраструктура е само дополнение на високата корупција, огромната сиромаштија и невработеноста.
Сон за враќање дома
Годините на војна и нестабилност доведоа до масовен егзодус на бегалци. Според извештајот на УНХЦР од 2012 година, голем број од оние кои побегнаа во Сирија во меѓувреме се враќаат назад поради конфликтот во таа земја. Агенцијата за бегалци на ОН проценува дека околу 1,2 милиони Ирачани се’ уште се внатрешно раселени.
Дневен ритуал
Речиси една петина од ирачката популација од 33 милиони луѓе живее во Багдад. Ирачкиот главен град и натаму е лавиринт од објекти и сигурносни кордони во кои Ирачаните се соочуваат со неброени безбедносни пунктови- заради нивната сигурност. Сепак, напади се случуваат секојдневно. На денот на годишнината од војната, во бран напади во шиитските квартови во Багдад загинаа најмалку 50 луѓе.
Смрт и уништување
Iraq Body Count - најголемата база на податоци која го анализира бројот на жртвите од инвазијата во 2003. година пресмета 4,568 цивилни жртви минатата година. 2012. беше првата година од 2009. во која бројот на жртвите бележеше покачување (во 2011. нивниот број изнесуваше 4,144).
„Забрането за жени“
Ирак успеа да спадне од целосна писменост на жените во 1970-те години до денешниот просек од 40 отсто. Земјата која некогаш можеше да се пофали со првата жена премиер и првата жена судијка на Блискиот исток, денес има огромен број на вдовици кои се борат да преживеат и растечки број на детски бракови.
Газење на минско поле
Деценијата војни и внатрешни конфликти оставија опасна оставштина од мински полиња и експлодирачки материјали низ целата земја. Резултирачкото загадување е најголемо во светски рамки. Според проценки на ОН, повеќе од 2,7 милиони луѓе живеат во загадени средини.
Зголемена смртност
Голем број медицински студии укажуваат на зголемена појава на рак, леукемија и смртност кај новороденчиња, која е далеку поголема и од онаа забележана во Хирошима и Нагасаки. Најголем виновник е осиромашениот ураниум, радиоактивен елемент кој американската армија го користи за поголема пенетрација на гранатите.
„Синовите на Ирак“
„Синовите на Ирак“ се парамилитарна група основана во 2005. година од коалицијата на разни сунитски племенски лидери за да се грижи за безбедноста на нивните заедници. За помалку од една година групата стана паралелна безбедносна група која оперира покрај постојните легални. Слабо вооружена и игнорирана од шиитската влада, групата стана една од главните цели на Ал Каеда.
Ирачка арапска пролет?
Десетици илјади демонстранти излегуваат на улиците на претежно сунитските региони од декември 2012 година. Движењето е продолжение на бранот демонстрации кои во Ирак почнаа во 2011. како дел од ткн. Арапска пролет.
Борба за подобра иднина?
Револуционерните бригади 1920 се една од вооружените сунитски групи кои се борат против актуелната влада. „Треба да е морална должност на одговорните за оваа војна да ни помогнат повторно да ја изградиме земјата. Се започна со инвазија втемелена на мрежа на лаги, за наводно постоење на оружје за масовно уништување“, вели за ДВ командантот на бригадите Саад.