1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инциденти во Собранието: Груевски во главна улога

БГ
15 март 2018

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не бираше начин да го спречи собранискиот спикер Талат Џафери во водењето на вчерашната седница на која се гласаше за Законот за јазици.

https://p.dw.com/p/2uMba
Mazedonien Nikola Gruevski VMRO-DPMNE
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski

Репертоарот на Груевски се состоеше од викање, истурање вода врз работната маса на претседателот на Собранието, отстранување на микрофонот и одземањето на картичката на Џафери. На крајот за малку беше избегната и физичка пресметка. Инцидентите и блокадите на работата на собранискиот спикер не се новина во македонското Собрание. Самиот Груевски уште во 2003 година дебитираше со одземање на пратеничката картичка на тогашниот претседател на Собранието Љупчо Јордановски. Тогаш причината беше расправата по буџетот, а овојпат Законот за јазици. И во 2003 година Јордановски, како и Џафери вчера, не реагираа на потегот на Груевски. 

 

Инциденти во Собранието: Груевски во главна улога