1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Играчите на Диселдорф спасија реми

ЖА/дв/дпа29 септември 2012

Фортуна и Шалке ги поделија бодовите во првата средба од шестото коло во Бундеслигата во натпревар во кој публиката во Диселдорф виде вкупно четири погодоци.

https://p.dw.com/p/16HOe
Фотографија: picture-alliance/dpa

Шалке 04 ја торпедираше одбраната на Фортуна Диселдорф по 462 минути во Бундеслигата, но ја проигра четвртата победа во сезоната. По само 20 минути игра делуваше дека домаќинот ќе го доживее својот прв пораз оваа сезона откако Хунтелар и Матип им донесоа големи 2 спрема 0 на гостите од Гелзенкирхен.

Сепак, дека не е случајност тоа што немаа пораз до овој дуел со Шалке, играчите на Фортуна покажаа до крајот на средбата кога преку двата гола на Дани Шахин, во 47. и 77. минута дојдоа до своето четврто реми сезонава, кое ги искачи на петтото место на табелата, со два бода, но и еден натпревар повеќе од шампионот Борусија Дортмунд.

Шалке пак, може да жали за можноста да се изедначи со 13 бодови со Ајнтрахт на второто место на табелата.

Денеска се играат останатите натпревари од шестото коло на Бундеслигата: Хофенхајм – Аугсбург, Баер Леверкузен – Гројтер Фирт, Нирнберг – Штутгарт, Хамбургер – Хановер, Вердер – Бајерн, Борусија Дортмунд - Борусија Менхенгладбах. Утре шак се среќаваат Ајнтрахт – Фрајбург и Волфсбург – Мајнц.