1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов: Македонија доследна, Грција незаинтересирана

16 јануари 2012

Во контекст на претстојната рунда разговори на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите Јолевски и Василакис, македонскиот претседател Ѓорге Иванов истакна дека Грција треба да покаже конструктивност во процесот.

https://p.dw.com/p/13kYH
Премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорге ИвановФотографија: MIA

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска (16.01.2012) коментирајјќи ја изјавата на премиерот Никола Груевски, според кого, речиси и да нема шанса за надминување на спорот со името до самитот на НАТО во Чикаго, истакна дека премиерот е реалист а не песимист и оти укажал на македонските очекувања.

Иванов додаде дека Македонија е конструктивна во процесот за наоѓање на решение што се одвива со посредство на Метју Нимиц и оти македонскиот претставник, амбасадорот Јолевски ги има инструкциите и сите информации од државниот врв.

„ Ние остануваме доследни на овој процес, ја укажуваме нашата конструктивност и очекуваме тоа и другата страна да го прави. Овој застој што беше подолг период, можеби создава кај некои поинакви сфаќања, меѓутоа согледајте го целиот процес во целина. Веќе две децении се одвива и секогаш ние сме тие што секој пат иницираме да се дојде до решение, затоа што нам ни треба решението. Другата страна не е толку заинтересирана да се дојде до решение, поради нивната актуелна состојба и можеби поради тоа таква е изјавата на нашиот премиер“, изјави претседателот Иванов.

Автор:СН/АМ/макфакс/миа

Редактор: Симе Недевски