1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Зошто вакцината на Џонсон и Џонсон е толку барана

Александер Фројнд
11 март 2021

Вакцината на компанијата Џонсон и Џонсон, која доби дозвола за употреба и во ЕУ, е многу ефикасна, штити и од бразилскиот и јужноафрички сој на вирусот и е лесна за складирање.

https://p.dw.com/p/3qVGn
Coronavirus Impfstoff Janssen | Johnson & Johnson
Фотографија: Michael Ciaglo/Getty Images

Откако Американската егенција за лекови ФДА уште во февруари издаде дозвола за вакцината на фармацевтската фирма Џонсон и Џонсон, сега дојде одобрение и од страна на Агенцијата за лекови на ЕУ, ЕМА.

Вакцината на Џонсон и Џонсон е многу ценета, се тврди дека таа има ефикасно дејство и против мутациите на коронавирус, како и кај постарите луѓе, доволна е само една доза и лесно се складира и транспортира.

Притоа, бројките не треба да внесуваат забуна – во третата на фаза на испитувањата оваа вакцина имаше ефикасност од 66 % во спречување на умерени и тешки форми на Ковид-19. Причината за помалата вредност во однос на претходно веќе одобрените вакцини се веројатно новите мутации на вирусот, кои ги немаше во време кога беа тестирани другите вакцини.

Клиничките студии покажуваат дека вакцината на Џонсон и Џонсон е делотворна и против бразилскиот и јужноафриканскиот сој на коронавирус. Во Велика Британија оваа вакцина е веќе користена, па се знае доста за нејзината ефикасност против британската варијанта на вирусот. 

Како германски фирми профитираат од корона-вакцинацијата

Јасни предности

Вакцината на Џонсон и Џонсон има една голема предност – се дава само во една доза, не е потребна ревакцинација, така се овозможува заштита на повеќе луѓе во побрзо време.

Натамошни тестирања би требало да разјаснат и дали ефикасноста би можела да се зголеми со примање на две дози, како кај конкурентите.

Вакцините на Џонсон и Џонсон исто така можат да се транспортираат и чуваат на температура на обични фрижидери, зашто за разлика од вакцините на компаниите Фајзер и Модерна, станува збор за векторска вакцина, според дизајнот, таа е слична на вакцината на АстраЗенека. Двете се фокусирани на спајк-протеин на површината на вирусот, поттикнувајќи заштитен имунолошки одговор.

Третата фаза на тестирање, во која учествуваа 44.000 луѓе од САД, Бразил и Јужноафриканската Република, покажа дека вакцината на Џонсон и Џонсон е еднакво ефикасна кај постарите како и кај младите лица, во однос на што постоеше сомнеж кај вакцината на АстраЗенека.И што е најважно, никој од вакцинираните не умрел, ниту морал во болница.

„Вакцината е единствено решение за излез од Ковид-кризата“

Критика од католичката црква

Џонсон и Џонсон годинава планира да произведе вкупно една милијарда дози во погони во САД, Европа, Јужноафриканска Република и Индија.

САД за една милијарда долари обезбедија 100 милиони дози кои Џонсон и Џонсон би требало да ги испорача во првата половина од годинава. Исто така, имаат можност за дополнителна порачка од уште 200 милиони дози. ЕУ има обезбедено до 400 милиони дози.Но, постои сомнеж за нејзино брзо лиферување од американскиот производител во ЕУ.

Бискупската конференција на САД ги повика католиците при изборот на вакцина против коронавирусот, доколку е можно, да ја избегнуваат онаа на Џонсон и Џонсон, зашто во развојот и производствoто на таа вакцина се користени клетки од ткиво на абортирани фетуси. Слични пораки американските бискупи испратија и во декември, во врска со вакцината на АстраЗенека.