1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

“Златната копачка“ конечно во рацете на Панчев

Златко Калински4 август 2006

Златната копачка на престижниот француски весник „Л“екип“ наменета за најдобрите стрелци на Европа, конечно пристигна во Македонија. Од пред неколку часа е во прегратките на нејзиниот сопственик, Дарко Панчев. Ја заслужи во 1991 година. Ја прими денеска во Скопје, лично од Мишел Платини. На свечениот чин, покрај легендарниот Платини, учествуваа високи претставници на „Л’екип“, претседателот на Црве

https://p.dw.com/p/AeiD
Фотографија: Deutsches Patent- und Markenamt

на Звезда, Драган Стојковиќ, раководството на фудбалската федерација на Македонија, која беше и иницијатор на свеченоста.

Историскиот долг кон најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Дарко Панчев, е конечно подмирен. Пред 15 години, во дресот на Црвена Звезда од Белград, со 34 постигнати голови, беше најдобар стрелец на стариот континент, но признанието кое претходно и потоа, беше редовно врачувано, не стигна на вистинската адреса. И денеска причините не се јасни. Не му се ниту на среќниот Дарко Панчев, кој вели:

“Оваа сатисфакција е голема. Прекрасно чувство е да се наоѓаш со вакви големини и драго ми е што овој трофеј најпосле се донесе во нашата држава, затоа што никој никогаш не го негирал неговото освојување. Проблемот е само што не ми беше предаден заради икс причини, поради распадот на Југославија, војната и.т.н. Но, ете таа неправда се исправи.“

Исправањето на своевидната неправда кон Панчев е иницирана од фудбалската федерација на Македонија и од Драган Стојковиќ, а реализирана со помош на Мишел Платини. За Дојче Веле, тој со зборовите:

“Ми се јави Драган Стојковиќ и од мене побара да ја најдам “златната копачка“ на Дарко Панчев. Јас успеав да ја пронајдам, а потоа стапив во контакт со Фудбалската федерација на Македонија, и еве ме денеска во Скопје. “

Еден до водечките луѓе на “Л’екип“, Жан Филип Леклерк, без конкретно образложение за доцнењето на предавањето на “златната копачка“ од еднаипол деценија, потсети дека прв нејзин носител беше Еузебио, а потоа се редат славните имиња на светскиот фудбал, меѓу кои Ван Бастен, Роналдо, Макај, Анри. И, со убаво срочената приказна во денешното обраќање: “Кога дојдовме до кутијата од 1991 година, таа беше полна со прашина, а копачката во неја беше посивена. Размислувавме дали да направиме нова. Решивме да ја врачиме автентичната. Кога ја отворивме кутијата, во Скопје, се случи чудо. Копачката блескаше со златниот сјај посилен од која и да било претходно.“

Безброј убави зборови за Дарко Панчев. Дете на “Вардар“, предводник на шампионската генерација во 1986 година. Следната клупска дестинација му беше “Црвена Звезда“, со која го освои Купот на шампионите против “Олимпик“, како стрелец на решавачкиот гол од пенал, а потоа и Интерконтиненталниот куп во Токио. Даде 216 првенствени голови – 132 за Вардар, а 84 за Црвена Звезда. Го носеше и дресот на “Интер“ од Милано. Кариерата ја заврши во Германија. Од неодамна е на раководна функција во матичниот “Вардар“. Дарко Панчев е една од најомилените личности на македонскиот спорт.