1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зелените сакаат програмски јасно да се разграничат од СПД

22 јуни 2005

Германските партии го изоструваат својот политички профил, подготвувајќи се за најавените предвремени парламентарни избори во септември. Раководството на Зелените, помалиот коалиционен партнер во актуелната германска влада, вчера во Берлин ја претстави партиската програма, која треба дефинитивно да биде усвоена на конгресот на партијата на 9-ти и 10-ти јули во Берлин. Зелените сакаат позначително да ја и

https://p.dw.com/p/AcoA
Пратиските копретседатели ја преставија изборната програма на Зелените: Клаудија Рот и Рајнхард Битикофер
Пратиските копретседатели ја преставија изборната програма на Зелените: Клаудија Рот и Рајнхард БитикоферФотографија: AP

стакнат разликата во однос на социјалдемократите, постариот партнер во коалицијата.

Првата глава од изборната програма, составена на 40 страници, е со наслов „Да се создаде нова работа“. Копретседателот на партијата Рајнхард Битикофер, претставувајќи ја програмата, нагласи: „Сосем напред во оваа програма ги ставивме прашањата на економската политика, работните места и уделот во социјалната благосостојба. Тоа не е случајно, тоа е сигнал“.

Сигнал дека сузбивањето на невработеноста треба да игра централна улога во предизборната кампања на Зелените. Во програмата самокритички се констатира дека била грешка што економската и политиката на пазарот на работна сила во изминатите години премногу им биле препуштени на социјалдемократите. Сега вториот копретседател на Зелените Клаудија Рот бара дополнителни подобрувања во реформите на пазарот на трудот: „Без секакво сомнение беше на место соединувањето на социјалната помош со надоместокот за невработеност. Но, ние сфативме дека мора посилно да внимаваме да ги придобиеме и луѓето за таквите промени, како и да внимаваме притоа на работите да им се приоѓа солидарно и праведно, за да не западнат во дисхармонија поимите барање и помагање“.

Зелените сакаат да ги намалат придонесите кај пониските плати, за со тоа да настанат нови работни места во секторот на услужни дејности. Истовремено треба да биде зголемена даночната стапка за оние со подобри примања – кој годишно заработува повеќе од 500 илјади евра, треба да плати и повеќе данок. Зелените сакаат повеќе да инвестираат во образование, истражувања и нови технологии – доколку се еколошки прифатливи. „Не е можна модернизација без еколошка одговорност. Поради краткорочни интереси сега да се турне екологијата во офсајд би значело сечење на гранката на која седиме“ – вели Рот.

Зелените сакаат натамошно да го изоструваат својот профил како еколошка партија – тие опстојуваат врз напуштање на користењето атомска енергија и врз поттикнување обновливи енергии. Во изминатите седум години Германија стана позелена, а Зелените беа „движечка сила“ во владата, самоуверено се вели во партиската програма. Социјалдемократите, напротив, честопати се ставале на страната на големите концерни и ги блокирале реформите. Со таа критика на постариот коалиционен партнер Зелените јасно ставаат на знаење: предизборната кампања ќе си ја водат за самите себе. Германија нема без борба да им ја препуштиме на демохристијаните и либералите, порача Клаудија Рот, додавајќи: „И, бидете сигурни: Зелените можат да дејствуваат и од опозиција“.