1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За Шкотланѓаните, брегзит и независност

Штефани Пипер/сн16 јуни 2016

Мнозинството Шкотланѓани се за останување во Европската унија. За многумина евентуалната одлука за брегзит на претстојниот референдум неминовно ќе значи и ново гласање за независност на Шкотска од Велика Британија.

https://p.dw.com/p/1J6vL
Фотографија: Fotolia/monsoon_

Шкотланѓаните важат за посебно наклонети кон Европската унија. Се смета дека на референдумот за „брегзит“ мнозинството Шкотланѓани ќе бидат за останување во оваа заедница. Освен ако Велика Британија не одлучи да ја напушти.

Тоби Патерсон е уметник кој работи во еден стар магацин на реката Клајд во шкотската финансиска метропола Глазгов. Тука, каде некогаш се сушел тутун, овој сликар си направи ателје. Тој на уметнички начин се занимава со модерна архитектура и затоа многу патува по континентот. Негови омилени градови се „Париз, Берлин, Амстердам, Хаг, Брисел и Антверпен, Барселона и Мадрид“. Вратата на неговото ателје малку подзаглавува, исто како и многу работи во Европа, вели овој сликар. Тој сепак смета дека ЕУ е незаменлива како институција. Меѓу останатото, и затоа што таа поттикнува креативна размена.

„Нешто како ЕУ е апсолутно важно. Таа е заслужна за долг период на мир во повоените години“, вели Патерсон, кој меѓу своите колеги уметници не познава никој кој е за брегзит. „Во последните десетина години се чуствував сѐ повеќе како Шкотланѓанин и истовремено повеќе како Европеец“, додава. Пред 2 години беше на страната на оние кои се бореа за независност на Шкотска, која и понатаму ја сака.

Flaggen von Großbritannien und der EU
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gambarini

Независна држава во Европската унија

Поголемиот број граѓани во Глазгов на референдумот во 2014. година гласаа за независност на Шкотска. Разочарувањето поради неуспехот беше големо, посебно меѓу младите симпатизери на независност. 18-годишниот Дин, кого го сретнавме во центарот на градот, има ваков концепт: „Шкотска како независна држава, но и понатаму во ЕУ - тоа би била најдобрата можност за нас“.

Владеачката Шкотска национална партија СНП нема лесна задача. Данкан Рос е член на раководството на партијата. Тој официјалниот став за наредниот референдум за независност го објаснува на следниов начин. „Нема да бидеме независни сѐ додека не бидеме сигурни дека ќе победиме или додека нешто не се промени. А таа промена би можела да ја донесе референдумот за брегзит.“ Значи, ако на референдумот само Шкотланѓаните бидат за останување во ЕУ, а сите Британци заедно за излез од заедницата: „Ако навистина мнозинството биде против ЕУ, тогаш ќе мора да се одржи втор референдум на кој би се одлучувало за останувањето на Шкотска во Унијата“, вели средовечниот Џорџ. Пензионерките Ајрин и Сара не го делат неговото мислење. „Никако. Тоа е смешно. Тоа го сака СНП, но не и народот!“ Сепак, за останување во ЕУ во Шкотска одамна не се расправа толку емотивно и ангажирано како за независноста.