1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев и Ципрас ќе бидат наградени во Минхен

Панајотис Купаранис
1 февруари 2019

Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас ќе добијат награда на Минхенската безбедносна конференција.

https://p.dw.com/p/3CYSB
Reportage Mazedonisches Referendum
Фотографија: DW/D. Tosidis

Наградата „Евалд фон Клајст“ годинава ќе им биде доделена на македонскиот и на грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, за нивните заслуги за решавање на долгогодишниот спор за името. Доделувањето на наградата, според информации на Дојче веле, ќе се случи на Минхенската безбедносна конференција, на 16 февруари.

Наградата „Евалд фон Клајст“ им се доделува на личности кои дале голем придонес за меѓународно разбирање и надминување на конфликтите, се соопштува од Безбедносната конференција во Минхен. Досегашни добитници на наградата, меѓу другите, се и Хенри Кисинџер, Хелмут Шмит, Валери Жискар д'Естен и Јоахим Гаук.

Повеќе:

 Заев и Ципрас ќе бидат предложени за Нобелова награда за мир

Ружин: Ципрас вели - јас и Заев сме како браќа!

Пред неколку дена македонската влада соопшти дека нобеловката Уидед Бушамауи и официјално ги предложила Заев и Ципрас за кандидати за Нобелова награда за мир за 2019 година.