Заев го доби мандатот, Владата се очекува набрзо
17 мај 2017Зоран Заев најави нов почеток за Македонијаоткако, по повеќемесечни натегања и блокади, претседателот на државата Ѓорге Иванов конечно му го додели мандатот за формирање нова влада. Церемонијата на доделувањето на мандатот, кој беше пренесуван од бројни медиуми, мина во студена атмосфера и со кусо ракување меѓу претседателот на државата и идниот премиер. Заев прочита дел од гаранциите кои му ги дал на Иванов, а потоа пред новинарите одговараше и на новинарски прашања.
Иванов долго одбиваше да го даде мандатот и покрај уставната обврска да го стори тоа. Претседателот на државата тврдеше дека платформата на албанските политички партии го загрозува уставниот поредок и унитарноста на државата и бараше од Заев јавно да се откаже од неа. Откако Заев одби да го стори тоа, а под притисок и на меѓународната заедница, Иванов конечно се согласи да си ја исполни обврската која му ја пропишува Уставот.