1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Загинати и повредени во железничка несреќа во Чешка

ЖА / агенции
4 август 2021

Воз кој доаѓал од Германија се судрил со патнички воз во југозападна Чешка, има тројца загинати и десетици повредени патници. Можно е експресниот воз да превидел сигнал за запирање.

https://p.dw.com/p/3yWCm
Tschechische Republik | Zugunglück | Domazlice
Фотографија: Miroslav Chaloupka/AP/picture alliance

Експресен воз кој доаѓал од Минхен во Чешка се судрил со патнички воз, во несреќата има три жртви, јави агенцијата ЧТК утрово, повикувајќи се на извори од спасувачките екипи. Повредени се 38 патници, седум од нив се наоѓаат во критична здравствена состојба. Во акција биле десетици спасувачи и  четири хеликоптери заради извлекување, згрижување на луѓето и нивно пренесување во болници. Помош пристигнала и од Германија.

„Ситуацијата е сериозна, на пат сум кон местото на несреќата“, изјави чешкиот министер за сообраќај Карел Хавличек.

Tschechische Republik | Zugunglück | Domazlice
Фотографија: Miroslav Chaloupka/AP/picture alliance

Експресниот воз Минхен – Прага, според првите сознанија, кај Домазлице, во близина на германската граница, превидел сигнал за запирање, по што се судрил со регионален воз, кој сообраќал на релација Плзен – Домазлице.

На чешките пруги често доаѓа до несреќи, сигналната техника на многу места се смета за крајно застарена. Владата започна со програма за модернизација. Пред една година во близина на германската граница кај Ерцгебирге фронтално се судрија два воза, при што загинаа две лица, од кои еден Германец.