1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Заврши изолацијата на Вухан

ЕМФ | афп
28 март 2020

По два месеца вонредна состојба, кинеската метропола Вухан полека се враќа во нормала. Денеска е завршена изолацијата поради коронавирусот.

https://p.dw.com/p/3aA0N
BG Alltag in der abgeriegelten Stadt Wuhan
Фотографија: Getty Images/AFP/H. Retamal

Од денеска е повторно можен влез во Вухан, главниот град на кинеската порвинција Хубеи. Меѓутоа, излез од градот сѐ уште не е можен - вонредните мерки ќе траат до 8 април. Со работа повторно почна подземната железница и другиот сообраќај на долги релации, а од наредната недела своите врати повторно ќе ги отворат и шопинг-центрите.

Голем број возови кои денеска повторно влегоа во Вухан, беа преполни, а местата беа резервирани претходно. Во халата на железничката станица во градот има долги редици, јави агенцијата Франс прес.

36-годишна жена, која во Вухан се вратила заедно со ќерка си уште во текот на вчерашниот ден, за АФП зборува со многу емоции, затоа што таа и детето биле одделени од сопругот и татко десет недели: „Кога возот се приближи до Вухан, јас и детето бевме многу возбудени. Имавме чувство како возот да се движи побрзо од претходно, а ќерка ми рече дека возачот мора да знае дека навистина сакаме да се вратиме дома“, изјави жената, која вели дека не можела да не плаче кога детето се стрчало во прегратката на татка си.

China Wuhan Barrieren auf Straße entfernt
Отстранување на улични блокади во ВуханФотографија: Reuters/China Daily

Во текот на изминатите денови во Вухан беа отворени банките, а со возење почнаа и автобусите. Сепак, граѓаните и натаму имаат укажување од властите да не патуваат ако тоа не е неопхдоно, а постарите лица и натаму треба да го избегнуваат јавниот сообраќај.

Провинцијата Хубеи, која има околу 60 милиони жители, два месеца беше отсечена од надворешниот свет. Во текот на изминатите недели бројот на новоинфицирани, според официјалните бројки, значително се намали. Здравствените власти соопштија дека од коронавирусот денеска починале три лица. Во клиниките има уште 2500 заболени, од кои 900 се „тешки случаи“.

Повеќе: 

Кина помага во корона-кризата - има ли скриени мотиви?

Пропагандна војна помеѓу Кина и САД: Чиј е коронавирусот?

Човечките животи или економијата- колку мртви можеме да си дозволиме?

Во Кина, според официјалните податоци, досега има 81.000 потврдени случаи на Ковид-19, од кои најголем дел во Вухан - 50.000. Бројот на починати од коронавирусот во Кина е 3.330 лица.

Вирусите може да се победат