Животот на Барак Обама низ фотографии
Промена во Белата куќа: Барак Обама со вцелувањето ја завршува ерата на Џорџ Буш
Сенатор во Вашингтон
Обама во 2004 година освои место во американскиот Сенат како член на Демократската партија и тоа со јасна победа. На 4 јануари 1995 година тој стана петтиот американски сенатор со црна боја на кожата. Фотографијата е направена во Чикаго, пред почетокот на функцијата, на неа Обама е со својата сопруга Мишел и ќерките Малиа и Саша.
Во Сенатот во Илиноис
Обама за првпат станал политички активен во Илиноис: организирал кампања за регистрација на афроамериканските граѓани на Чикаго за изборите, како поддршка на изборот на Бил Клинтон за претседател. Мобилизирал повеќе од 150 илјади луѓе. Во 1996 година бил избран од јужниот изборен округ на Чикаго за пратник во Сенатот во Илиноис. На фотографијата е Обама како сенатор. Таа е направена на 23 јули 2004 година во сенатската комора на Капитол во Спрингфилд.
Спортски
За својата номинација за претседател на САД од Демократската партија, сенаторот Обама се бореше со многу средства, па и спортски. Ова е фотографија од еден кошаркарски натпревар на 29 април 2008 во Чејпел Хил.
Студент на Харвард
По добивањето Бечелор диплома по политички науки во 1983 година, Обама една година работел во консултантска фирма за стопанство во Њујорк, а во 1985 година се преселил во Чикаго. Таму бил ангажиран во организација која им помагала на жителите на сиромашните делови од градот. Потоа уште три години студирал право на Харвард и бил избран за претседател на стручниот часопис Harvard Low Review, првиот Афроамериканец на оваа функција. Во 1991 година Обама докторирал правни науки.
Доцент
Со дипломата од Харвард, Обама се врaќа во Чикаго и до 1993 година работи во адвокатската организација Мајнер, Бернхил и Геленд, специјализирана за граѓански права. Освен тоа, до својот избор во американскиот Сенат во 2004 година тој студирал уставно право на Универзитетот во Чикаго.
Таткото на Обама
Барак последен пат се сретнал со својот татко на возраст од десет години. Тој го напуштил семејството за да студира на Харвард кога малиот имал две години и само еднаш се вратил повторно. Обама детално се сеќава на оваа посета, раскажува за топката за баскет што му ја подарил татко му, за грамофонските плочи со африканска музика на која танцувале и за концертот на Дејв Брубек на кој биле заедно.
Надежен
Фотографијава од шеесеттите години го покажува малиот Барак Обама како игра бејзбол на Хаваи. Барак Обама, чие име има исто значење со латинското Бенедикт (Благословен), е дете на бела Американка од Канзас, Стенли Ен Данхам и студент по потекло од Кенија, Барак Хусеин Обама Сениор. Родителите склопиле брак во 1961 година на Хаваи, додека во другите делови на САД браковите меѓу црните и белите биле се‘ уште забранети. Во 1964 година тие се развеле.
Претседателска кандидатура
На 10 февруари 2007 година сенаторот Барак Обама настапи во Капитол во Илиноис за пред 18 илјади присутни да ја објави својата кандидатура за претседател на САД. На истото место, 149 години претходно идниот претседател Абрахам Линколн го прогласи крајот на ропството. Обама се‘ уште беше непознат за мнозинството Американци, млад сенатор кој во Вашингтон беше само две години, премногу кратко за да остави траги.
Свадба
Обама е во брак со Мишел Робинсон од 1992 година. Taa исто така студирала на Харвард и работела во јавната управа на Чикаго. Тие се запознале во адвокатската канцеларија во која работела Мишел по дипломирањето во 1988 година.