1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ сака да се бори за договорот со Иран

Бернд Ригерт
17 мај 2018

Спроти денешниот самит со лидерите од Западен Балкан, шефовите на држави или на влади на ЕУ на неформална вечера во Софија ги разгледаа можностите за одбрана на меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран.

https://p.dw.com/p/2xrIt
Bulgarien EU-Balkan-Gipfel in Sofia | Borisov und Merkel
Фотографија: Reuters/S. Nenov

Претседавачот со самитот на ЕУ, Доналд Туск, повеќе или помалку зборуваше во името на сите 28 земји-учеснички, кога во Софија го изрази својот гнев и фрустрации во Софија. ЕУ всушност може да му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп, беше зајадлив Туск, кој невообичаено остро го нападна американскиот претседател . „Тој ни ги ограби сите илузии“. Неговите одлуки покажаа дека кој има такви „пријатели, повеќе не му требаат непријатели".

Лидерите на ЕУ се собраа на неформална вечера за да разговараат за тоа како треба да реагираат на повлекувањето на САД од нуклеарниот договор со Иран. Според дипломатите на ЕУ, расположението во рундата било јасно. Договорот од 2015 година, потпишан не само од САД, туку и од ЕУ, Русија и од Кина, мора да продолжи да опстојува и да се почитува. „Не смее да се дозволи договорот да пропадне “, велат дипломатите на ЕУ,  според кои, сѐ уште не е јасно што може да се направи за да се заштитат економските интереси на европските компании кои работат во Иран". 

Да се заобиколат санкциите на САД

Доналд Трамп, имено најави дека санкции ќе воведе и за земјите и компаниите кои по три до шест месеци и натаму работат со Иран. Американскиот претседател го обвини Иран дека продолжува да создава нуклеарно оружје, што пак не е случај со  државите на ЕУ и инспекторите на Обединетите нации. Многу шефови на држави и на влади на вечерата истакнале дека не може да им се верува на непредвидливите политики на Трамп. Германската канцеларка Ангела Меркел ова неколкупати го изјави јавно, последен пат вчера наутро, за време во буџетската дебата во Бундестагот.

Повеќе:

-Самит во Софија: Западниот Балкан во сенка на Иран

-Меркел: Да се спаси договорот со Иран, без САД

-ЕУ не сака да крене раце од договорот со Иран

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, презентираше различни начини како американските санкции може да бидат заобиколени или ублажени. ЕУ би можела да формира своја сопствена банка за водење бизнис со Иран надвор просторот на доларот со кој доминираат САД. Компаниите кои инвестираат во Иран може да добијат кредити од ЕУ. Особено драстично: ЕУ компаниите кои се придржуваат до регулативите на САД би можеле да бидат казнети од страна на ЕУ. Теоретски би биле можни и контрасанкции против американските компании во Европа.

Bulgarien EU-Balkan-Gipfel in Sofia | Donald Tusk
Фотографија: picture alliance/AP Photo/V. Mayo

И покрај силните зборови на претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, рундата не се согласи за тоа колку интензивно треба да се турка конфликтот со САД. Големите европски компании, како што се француската енергетски концерн Тотал или данската логистичка компанија Маерск, веќе изјавија дека ќе се повлечат од бизнисот во Иран доколку дојде до санкции. Без трговија со Европа, меѓутоа, за Иран веќе нема да има стимулации да се придржува до нуклеарниот договор, со кој треба да спречи создавање на нуклеарно оружје во исламската Божја држава. Следниот петок во Виена треба да продолжат консултациите. Тогаш државите на ЕУ сакаат да се сретнат со Русија за да разговараат за можно спасување на договорот со Иран и да ги изолираат САД.

Спасување на договорот

Според дипломатите кои присуствуваа на вечерата, ЕУ е подготвена да разговара за иранската агресивна надворешна политика во регионот, нејзината ракетна програма и поддршката на терористичките групи и да се стреми кон проширување на „нуклеарниот договор“. Однесувањето на Иран во регионот, американскиот претседател Трамп го наведе како причина за раскинување на договорот. Шефовите на држави или на влади на членките на ЕУ, исто така, се подготвени да разговараат за трговски олеснувања во поглед на претстојните американски казнени царини против производителите на челик и алуминиум од ЕУ. „Ние, меѓутоа, не преговараме со пиштолот в рака“, рече дипломат од ЕУ. Европската унија мора да биде трајно исклучена од казнените царини. На 1 јуни, имено, истекува уредбата со која производителите од ЕУ се привремено исклучени од плаќање на американските казнени царини за челик и алуминиум.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија