Евроатлантскиот курс на Македонија од агол на Никола Груевски
14 септември 2005Замрзнати се надежите за интегрирање во НАТО, неизвесна е апликација во ЕУ, дали таквите сигнали можат да родат скептицизам во Македонија?
Она што мислам дека треба да се случи, е тоа да не го дозволат политичарите. Ние политичарите, и оние во власта и оние во опозицијата имаме голема одговорност за тоа. Според мое мислење она што Македонија го прави против тероризмот е за доброто на сите. Ако терористите и исламските фундаменталисти надвладеат во светот, а Америка се повлече, тогаш еден ден тие и тука ќе надвладеат. Прашање на време е кога ние ќе станеме нивни заробеници. Подготовките за НАТО и подготовките за ЕУ во Македонија се дел од процесот за подобрување на животот, за подигнување на животниот стандард, повеќе реформи, очекување за подобар живот. Дури и да знеме во овој момент дека ќе бидеме примени во 2025 година или можеби никогаш, ние треба да се посветиме на реформите не со исто темпо, туку со уште поголемо, затоа што тоа е за наше добро. Тоа треба да им го објасните на луѓето. Тоа што не притиска НАТО да го направиме, тоа што не притиска ЕУ е всушност да станеме посилна држава, поорганизирана држава, побогата држава, граѓаните да имаат повеќе можности, да има повеќе вработувања, да има поголема демократија, да има фер и демократски избори, да има повеќе човекови права, па што има лошо во тоа.
(...)
Дали мислите дека зад оваа порака од НАТО, можеби не се крие и порака за генерално решавање на статусот на државите на глобален план, со неизвесност за статусот на Косово?
(...) Гголема е опасноста, нашето членство во НАТО да биде ставено во пакет со решавањето на косовското прашање.Таквото решение може да трае една година, но може да трае и 30 години како за Кипар.Тоа би било неизвесно а јас се надевам на побрзо решение. Јас мислам дека најдобар начин да се реши косовското прашање е да се направи комбинација од Дејтон, Охридски договор, Рамбуе, или слично, каде ќе се собере целата политичка елчита на Косово, власт и опозиција, целата политичка елита на Србија, власт и опозиција. Можеби околните земји би имале статус на набљудувачи и со посредство на меѓународната заедница во релативно кус период би се изнашло решение. Тоа би можело да биде почеток на крајот.(...)
Ако реформите беа завршени на време, ние ќе го избегневме пакетот, и ќе разговаравме од позиција земја членка на НАТО.
Дали сметата дека спорот со Грција би можел да биде една од темпираните бомби за евроалтлансткиот курс на Македонија?
Покажувајќи ја оваа колебливост во овој период, владата практично и дава шанса на Грција. Однесувањето на владата во оваа година не беше добро по ова прашање. Ние имавме неколку иницијативи. Првата иницијатива беше власта и опозицијата да организираат референдум со кој ќе се зацврсти позицијата за зачувување на нашето име. Кога ќе ги повикавме граѓаните сигурно ќе излезеа и ќе изгласаа дека не сакаат промена на името. Потоа е многу тешко некои аналитичари да прават компилација дека ќе не убедат. Во случај да ги убедат политичарите или уценат, ќе биде тешко да се влијае врз граѓаните. Ќе треба нов референдум на кој граѓаните би се согласиле за промена на името. Потоа се обидовме со поблага варијанта како што е декларација во Парламентот. На мое изненадување СДСМ и нејзините коалициони партнери па дури и Народна, се спротивставија на иницијативата.Тоа е лош сигнал што се праќа во очи новите разговори. (...)
Многумина мислат дека поделбата во опозицијата може да ја олесни позицијата за противниците на наредните парламентарни избори?
(...) Приказната е завшена работа, и веќе е сосема јасно кое е ВМРО – ДПМНЕ и која е неговата сила и моќ. Што се однесува до минатото и расколите во партијата, прашањето е затворено. (...)
Деновиве се појавија иницијативи во кои и вие и Џафери лидерот на ДПА посочивте дека сте традиционални или идни колаициони партнери. Исотвремено некои аналитичари поврзуваат дека Џафери би можел да биде спона на конфронтираните Грувески и Георгиевски!
Она што јас го кажав и ќе го повторам е дека во минатото ДПА беше наш коалиционен партнер и нормално е по победата на парламентарните избори да им понудиме коалиција.
Вашите сопартијци ве назначија идниот премиер на Македонија. Ако е тоа така што идниот премиер смета дека е приоритет, а што оваа власт не го прави?
Економијата дефинитивно. Она што се случува на полето на економијата, економските реформи, отварање на повеќе работни места, привлекување на повеќе инвеститори. (...)
Дали мислите дека во Македонија меѓународниот фактор посочува на ендемот криминал?
Факт е дека криминалот и корупцијата во државата цветаат, повеќе одколку кога било, и дека владата само во првата година најави некакви чекори во тој правец и тие чекори ги сведе само на пресметка со опозицијата. Патем дозволи во нејзините редови да се случат многу поголем криминал отколку можеби и претходно. Тоа ја води државата во лош правец и дефинитивно, тоа е и една од причините зашто сме далеку од евроатлатнските интеграции. (...)
На 15 септември сакате да го потсетите тандемот Бучковски - Црвенковски што ветија, а што не реализираа. Дали е тоа предизборен макетинг?
Тоа е начин на изразување на незадоволство на граѓаните. Начин на притисок на владата, начин на притисок на инстиитуциите. Демократски начин, кој во овие држави се применува. Жалам што сеуште Македонија е во таква ситуација да мора на ваков начин да се врши притисокот врз институциите, врз власта, затоа што сеуште во Македонија политичарите многу лажат. Ветуваат и не остваруваат. (...)