Германците стануваат агресивни во потрага по вакцина
12 мај 2021„Притисокот врз вакциналните центри и лекарските ординации расте. Граѓаните кои инсистираат да се вакцинираат стануваат се поагресивни“, вели Анке Рихтер- Шер, заменик-претседател на Германската асоцијација на семејни лекари.
Иако во Германија се прошируваат приоритетите за вакцинирање на повеќе групи, на многу луѓе не им е јасно зошто тие треба да чекаат зад некои други, вели Рихтер-Шер.
Граѓаните влегуваат во лекарски ординации и се обидуваат да добијат вакцина иако не се на ред, а однесувањето станува повеќе агресивно. Други пак бараат побрзо да ја добијат втората доза на вакцината за да можат да одат на одмор или на шопинг без да прават Ковид тест. Постари пациенти за кои е предвидена вакцина на АстраЗенека, пак, бараат друга вакцина.
По бавниот почеток, Германија ја забрза вакциналната кампања: досега прва доза примиле една третина од населението, додека околу 10% се целосно вакцинирани.