Десните популисти без фракција во ЕУ парламентот
24 јуни 2014Десните популисти во Европскиот парламент не успеаја да формират сопствена пратеничка група, соопшти шефот на антиисламската холандска партија ПВВ, Геерт Вилдерс. До истекот на рокот десните популисти не успеале да формираат заедничка група со шест различни партии во Европскиот парламент, рече Вилдерс за холандската агенција АНП.
Вилдерс заедно со шефицата на десно-екстремната фгранцуска партија Национален фронт, Марин Ле Пен, преговараа со други десно-екстремистички и десно-популистички парти за формирање на заедничка фракција. Најмалку 25 пратеници од најмалку седум држави на ЕУ мора да ги усогласат ставовите за да формираат пратеничка група.
Нема соработка со полската КНП
Статусот фракција за припадниците на десно-екстремните и десно-популистичките партии ќе им овозможеше дополнителни финансиски средства и натамошни предности. Вилдерс изрази оптимизам, дека во текот на годината ќе успее да го обезбеди потребниот број парламентарци. Тој меѓутоа ја исклучи можноста за формирање на фракција „по секоја цена“. Тој нема да соработува на пример со полската КНП. Шефот на оваа партија Јануш Корвин Мике се обвинува за антисемитски изјави. Исто така тој одбива жените да имаат право на гласање.