1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Декрет на Трамп кој ги погаѓа визите за стручњаците

ЕМФ /агенции
19 април 2017

Американскиот претседател Трамп почна да го исполнува со содржина слоганот „Америка прво“: со најновиот декрет наводно треба да се спречи злоупотреба на давањето визи за стручњаци.

https://p.dw.com/p/2bThf
USA Wisconsin Trump
Фотографија: Reuters/K. Lamarque

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша нов декрет. Oвојпат во визирот се висококвалификуваните работници од странство. Дектретот нема конкретни последици. Тој би требало да се сфати како упатство за министерствата за проверка на праксата на издавањето визи. Имено, Белата куќа смета дека преку програмата за работни визи за стручњаци, во САД дошле и некои релативно ниско квалификувани работници кои ѝ создаваат конкуренција на домашната работна сила.

Овие визи во моментов се издаваат своеволно, изјави Трамп при потпишувањето на декретот во фабрика за алати во Висконсин. „Тоа е погрешно“, рече тој, додавајќи дека визите треба да ги добијат најдобро квалификуваните кандидати. „И тие никогаш не треба да се користат за замена на Американци“, оцени американскиот претседател.

USA Wisconsin Trump
Фотографија: picture-alliance/ZUMAPRESS/M. Hoffman

Декретот со мото „Купувај американско - вработувај Американци“ предвидува и промени во процесот на доделување договори од страна на владата. Во иднина предност би требало да имаат американски фирми. Според Трамп, во минатото премногу договори добиле странски фирми и тоа врз грбот на фабриките и работните места во САД.