1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Г20 во тешки времиња

Инга Зиг / ЕМФ26 февруари 2016

Во Шангај денеска се среќаваат водечките економски нации во светот, т.н. Г20. Првпат под раководна палка на Кина. А, токму Кина создава грижи. Нејзиниот економски пораст оди најбавно во последните 25 години.

https://p.dw.com/p/1I2u7
Фотографија: Reuters/A. Song

Шангај - градот некогаш беше симбол на сила и пораст. Веќе извесно време меѓутоа лакот паѓа. Економскиот пораст во Кина изнесув а6,9 проценти и е најлош во последните 25 години.

Тоа ја кочи светската економија. Како Кина повторно да се доведе на вистински курс е една од централните теми на самитот на Г20 во Шангај.

Оттука, соодветно јасен беше и апелот на шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, на почетокот на средбата:

„Порастот на најголемите народни економии останува скромен, а слабости покажуваат и голем број земји во забрзан подем. Пред сѐ Кина има потреба од поодмерена стратегија за пораст.“

Овде можете да го погледнете видеото:

Како да се разбуди економскиот џин?

За тоа како би изгледала таа стратегија има различни идеи. Сѐ повеќе финансиски инјекции не се трајно решение за повторен поттик на стопанскиот мотор, предупредува германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле:

„Кина е свесна дека клучни се структурните реформи. Притоа, Германија ќе ѝ даде поддршка на Кина - одржлив пораст, социјален и еколошки, врз основа на стабилен финансиски пазар.“

Сигурно е: не само Кина, туку и други земји во забрзан подем се под огромен притисок. Досега, меѓутоа, никој нема пронајдено рецепт за запирање на надолниот тренд.