1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчки полицајци ја поддржувале Златна Зора

БГ/ап/миа31 октомври 2013

Истрагата на внатрешната контрола на грчката полиција поврзала десет полицајци со криминални активности на неонацистичката партија Златна зора, соопштија локалните власти.

https://p.dw.com/p/1A9Tf
Фотографија: Reuters

Вкупно 15 полицајци се уапсени поради различни кривични дела. Десетмина од нив директно или се поврзани со криминалните активности на Златна зора, потврди началникот на внатрешната контрола Панајотис Статис. Министерот за јавен ред Никос Дендиас наложи истрага на крајот на септември, откако некои полицајци биле обвинети за прикривање или толеранција на илегалните активности на неонацистичката партија.

Сепак, истрагата не пронашла траги на организирани келии кои работеле во поддршка на Златна Зора, туку само изолирани, поединечни случаи.

Она што ги загрижува надлежните е големиот пораст на незаконско постапување од страна на полицијата.

„Внатрешната контрола на полицијата исто така истражуваше наводна вмешаност на полицијата во случаи на расистички напади и забележа дека меѓу 2009 и 2013 година дошло до голем пораст на бројот на полицајците кои учествувале во инцидентите на „екстремното полициско однесување кое достигнало врв во 2012“, рече Статис.

Грчките власти презедоа голема акција против неонацистичката парламентарна партија Златна Зора и нејзините активности, по убиството на левичарскиот активист и музичар Павлос Фисас во септември годинава. Шест од 18. пратеници на партијата во националниот парламент се уапсени, меѓу нив и партискиот лидер Никос Михалолиакос.