Грчкиот парламент даде зелено светло за Преспанскиот договор
25 јануари 2019Дебатата во парламентот траеше три дена, а одобрувањето на договорот со Македонија важеше за сигурно. Набљудувачите единствено шпекулираа околу бројот на гласови кои грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе ги обезбеди за поддршка на Договорот. Според Ципрас, ова е најдобриот договор што можел да се постигне по долгогодишен застој. Опозицискиот лидер Киријакос Мицотакис ја обвини власта дека ги игнорира патриотските чувства на Грците и се закани дека ќе го блокира членството на Македонија во ЕУ доколку неговата Нова Демократија победи на избори.
Повеќе:
Ципрас ги потсети комунистите за Мирка Гинова
Атина: Денеска се гласа за Преспанскиот договор
Денешното гласање на пратениците беше проследено и со протести во Атина, на кои беа присутни мал број луѓе. Вчера дојде до насилство на демонстрациите против Преспанскиот договор. Уапсени беа најмалку 150 лица, главно радикали, од кои најголемиот дел денеска се ослободени.