1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гренланд го одби Трамп: „Не сме на продажба“ 

17 август 2019

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите дека претседателот на САД Доналд Трамп бара начин да го купи огромниот, заледен остров.

https://p.dw.com/p/3O3F8
Dänemark | Upernavik
Фотографија: imago/Siering

Владата на Гренланд во петокот ја отфрли идејата островот да биде купен од САД. Изјавата следува по извештаите дека американскиот претседател Доналд Трамп бил заинтересиран да ја купи територијата од Данска. 
Во кус коментар на интернет-страницата, владата на Гренланд вели: 
- Имаме добра соработка со САД, и во ова гледаме зголемен интерес за инвестирање во нашата земја, 
- Секако, Гренланд не е на продажба,
- Поради неофицијалниот карактер на веста, владата на Гренланд нема натаму да коментира.

Весникот Вол Стрит Џурнал претходно извести дека Трамп побарал од своите соработници да ја разгледаат можноста за купување на Гренланд. Американскиот претседател се очекува во посета на Копенхаген во септември. Извор близок до претседатело потврди дека Трамп споменал такво барање, но не бил сериозен. 
Министерството за надворешни работи на Гренланд соопшти дека островот е заинтересиран за соработка, но не е на продажба.