1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Градењето бизнис од нула не е лесно,посебно за жена

Костадин Делимитов
23 август 2019

Беше вистински предизвик, ни најмалку лесно да се започне онлајн бизнис, првиот веб сајт за групни попусти во Македонија, во време кога практично и не постоеше е-трговија во Македонија, вели Нина Ангеловска од Grouper.mk

https://p.dw.com/p/2YkdX
Nina Angelovska
Фотографија: privat

Меѓународниот ден на жената - Осми март (8 Март) е секогаш добар повод да се посочи на и натаму бавното напредување кон родова рамноправност но и на исклучителните примери, кои укажуваат на тоа дека во македонските жени лежи огромен потенцијал кој државата за жал не го искористува доволно. Еден од таквите примери е Нина Ангеловска. Таа е генерален менаџер и коосновач на Grouper.mk, првиот македонски веб-сајт за групни попусти, кој предизвика „револуција“ во онлајн-купувањето во Македонија. Grouper.mk постои од 2011. Година. Ангеловска е ставена на листата на 100 успешни жени основачи на стартапи во Европа, составена од еминентниот германски магазин The Hundert, а која потоа ја сподели и Forbes.

„Беше вистински предизвик, не беше ни најмалку лесно да се започне онлајн бизнис, првиот веб сајт за групни попусти во Македонија во време кога практично и не постоеше е трговија во Македонија. Помалку од 1% од населението купуваше онлајн, платежните картички не се користеа....Еве, по 6 години влијаевме значајно на раздвижување на пазарот на е трговија, веќе се забележува подем и развој“, вели Ангеловска.

Градењето бизнис од нула не е лесно, посебно за жена

Родовата нееднаквост е сѐуште сериозен проблем

 „Знаеме дека постои родова нееднаквост, помала застапеност на жените на поголемите менаџерски позиции, тоа претставува загуба пред сѐ за економијата бидејќи жените имаат  неискористен потенцијал. Потребна е способност за брзо одлучување, решителност, многу напорна работа, добар тим за да се совладаат тие предизвици, многу знаење, постојано секојдневно учење. Самите компании се тие кои што ги примаат менаџерите и кои што треба да имаат повеќе застапеност на жени. Секако потребни се и закони, Данска е една од примерите кои има закони за тоа да се надмине. Има многу креативни решенија, само треба да се има волја и да се работи напорно на случајот“, истакнува Ангеловска.