Голем хендикеп и пораз на стартот на ЕП
13 јануари 2022Македонската ракометна репрезентација можеше да испише историја на големите ракометни натпреварувања. Имено за првпат на еден таков турнир, една репрезентација требаше да има играч-тренер. Но, во последен момент без настап како играч на Европското првенство остана најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров, кој и како селектор ја предводи репрезентацијата
На првиот официјален тренинг на репрезентацијата во Дебрецин , Лазаров се здоби со повреда на спојот на два мускула на потколеницата и ќе мора да паузира три недели, односно до крајот на првенството. Тој играчки не можеше да им помогне на репрезентативите на првиот натревар на првенството, кој фаворизираните Словенци го добија со 27-25.
Словенците имено лошо влегоа во натпреварот, и по шест минути игра беше 3:0 за македонската репрезентација, па 4:1, а потоа започна серија на Словенците од 6:0 со која тие стигнаа до резултат од 7-4. Словенија на полувремето замина со три голе разлика 13-10 а најдобар стрелец беше Јуре Доленец.
Во второто полувреме Словенците ја одржуваа предноста, дојдоа на +5 по четирите последователни гола на Блаж Јанц, но македонските ракометари играа храбро е во два наврати заостануваа само еден гол, имено во 39. и 53. минута. Но, пресврт не беше остварен и покрај шансите кои ги имаа македонските ракометари
Македонскиот репрезентативец Цветан Кузмановски беше најефикасен стрелец со осум гола од девет обиди, Филип Кузмановски даде пет, колку што имаше и Доленец. Одличен ден меѓу стативите имаше Мартин Томовски имаше 14 одбрани, а Словенецот Јоже Базник одбрани десет удари.
Следниот натпревар македонската репрезентација го игра во сабота во 18 часот против Црна Гора, а во понеделник игра со главниот фаворит на турнирот/ Данска