1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германските репортери- трн во око на Ердоган

Сејда Нурч | Јенс Турау
11 март 2019

Германските репортери во Турција повеќе не добиваат дозвола за работа. Двајца од нив веќе се вратија во Германија. Германската влада засега молчи.

https://p.dw.com/p/3EnMx
Türkei l Journalisten verlassen Türkei - Jörg Brase und Thomas Seibert
Фотографија: Getty Images/AFP/O. Kose

Дали Томас Зајберт, новинар од берлинскиот „Тагесшпигел“ и е непријател на Туција? Оној кој го читал неговиот голем текст на насловна страна во понеделничкото издание на весникот, тешко дека може да си замисли вакво нешто. Зајберт опишува како дваесет години известува од оваз земја и дека му е прирасната на срце. Тој додава дек до сега свирел во два рок-бенда во Истанбул, а неговата сопруга настапувала за Турција на меѓународниот турнир за дресура на коњи. Тој исто така нагласува дека актуелниот автократ Реџеп Таип Ердоган го познава уште од времето кога бил градоначалник, непосредно пред да биде осуден во март 1999 година – поради провокативен говор. Сега тој истиот Ердоган, моќниот претседател на Турција испраќа луѓе зад решетки, без причина. И дозволува протерување на новинари. Меѓу нив и Зајберт. Тој пишува: „Повеќе од две децении го набљудував подемот на Ердоган во најмоќниот човек во Турција. Сега неговата влада не ми дозволува повеќе да работам како новинар."

Акредитација веќе не е рутинска постапка

Нему, на дописникот на ЦДФ Јерг Бразе и на еден новинар од НДР кој не живее постојано во Турција, пред една недела им беше соопштено дека барањето за нова прес акредитација не им е одобрено. Долги години тоа беше само рутинска постапка, но исто така дозволата за престој и дозволата за работа беа поврзани до прес картицата.

Tagesspiegel vom 11.März 2019 - Reporter Seibert musste Türkei verlassen
Фотографија: DW/J. Thurau

Во дневникот на АРД, главниот уредник на весникот „Тагесшпигел“ Матијас Милер фон Блуменкрон, раскажа како во редакцијата пред неколку дена имале посета од турската амбасада во Берлин. Лицето од амбасадата им соопштило дека прес-акредитацијата за Томас Зајберт нема да биде продолжена. Блуменкрон понатаму додава: „Нам само ни беше пренесена пораката без никакво објаснување за одлуката, како и дека мора да го повлечеме како дописник од таму, а тој мора да ја напушти земјата. Потоа ќе можеме да пратиме нов дописник, и тој ќе добие нова акредитација. Ние јасно им ставивме до знаење дека ова не е во согласност со нашето гледиште за слободата на медиумите и дека тоа не е можно."

Бразе наскоро ќе работи од Иран

Новинарите не сакаат да бидат заплашени. Бразе од друга земја ќе продолжи да известува и за Турција – и тоа од Иран. Тој во дневникот на АРД изјави: „иранската влада ми ги даде сите дозволи кои ми се потребни. Сега имам дозвола за престој, имам акредитација и веројатно ќе одам во Техеран од каде што ќе известувам и за Турција, бидејќи оваа земја, НАТО партнер не ми издаде дозволи." Зајберт и покрај враќањето од Турција во Германија, не се откажува и настапува борбено: „Ако турската влада си мислеше дека ќе не замолчат мене и Јерг и дека нема да известуваме повеќе за Турција, тогаш се зезнале."

Молк во Турција

Додека медиумите и политичарите во Германија на големо се занимаваат со темава и случајот со двајцата новинари, најновиот развој на настаните во Турција воопшто не е тема. Само „Репортери без граници" регаираа преку турскиот твитер акаунт: "Се дознава дека прес-аташето на турската амбасада во Берлин на ЦДФ и Тагесшпигел им дал понуда: сменете ги дописниците и ќе ви дадеме акредитации. Двата медиуми ја одбиле понудата поради мешање во слободата на печатот".

Türkei Präsident Recep Tayyip Erdogan in Istanbul
Фотографија: picture-alliance/AA/B. Ozkan

Мустафа Кулели, претседател на Синдикатот на турски новинари за ДВ изјави: „Најновите случувања покажуваат колку е притеснет режимот на Ердоган, кој ги има ставено под контрола мејнстрим медумите, но не може да ги цензурира меѓународните медиуми. Со протерувањето на германските новинари тој сака да ги обесхрабри сите меѓународни медуими."

Заострено предупредување за патување

Веќе во неделата Министерството за надворешни во Берлин ги заостри предупредувањата за патување во Турција. Во соопштението се вели. "Мора да се претпостави дека дури ни коментари кои не се јавни на социјални медиуми преку анонимна пријава може да бидат проследени до турските казнени власти.